Раководител на оддел за човечки ресурси

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

ПАВ МОТИВИ објавува оглас за потребите на свој клиент, најголемата приватна поштенска компанија во С. Македонија со над 10 години професионално искуство. Компанијата располага со 34 канцеларии, над 300 вработени, голем возен парк, ГПС опрема, модерен магацински простор и професионален центар за грижа за корисници.

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Задолженија/одговорности:

  • Регрутира, спроведува интервјуа, вработува и организира обуки за нов кадар
  • Ги идентификува потребите за вработување и регрутирање
  • Комуницира со разни државни/јавни институции во однос на прашања поврзани со човечки ресурси
  • Креира политики и процеси за компанијата
  • Ги ревидира и ажурира договорите за вработување во соработка со правниот оддел
  • Дава конструктивна и навремена проценка на резултатите на вработените
  • Ги менаџира внатрешните комуникациски проекти
  • Ја координира обуката на вработените и инцијативите за развој
  • Го мотивира и подржува сегашниот кадар
  • Ја следи и се грижи за тоа компанијата да работи во согласност со законите и регулативата за работен однос
  •  Ги ревидира и изменува политиките и праксите за да бидат во согласност со законите
  • Води евиденција за вработените
  • Раководи и го надгледува работењето, со програми за плати и системи за евалуација на резултати и отсуства; дисциплински мерки; спорови и истраги; менаџирање на резултати; продуктивност; здравје и безбедност при работа; обука и развој итн.
  • Развива планови и стратегии на човечки ресурси кои ќе дадат поддршка на целите на целокупните деловни активности
  • Планира, раководи, развива, координира и имплементира политики, процеси, обуки, иницијативи и анкети за поддршка на организациските и стратешките потреби
  • Го надгледува дневниот работен тек на одделот
  • Редовно поднесува интерни извештаи или извештаи до разни институции согласно на правните регулативи

Потребни вештини/способности:

  • Одлични говорни и пишани комуникациски вештини
  • Одлични меѓучовечки, и вештини за разрешување на конфликти
  • Одлични организациски вештини и концентрација на детали
  • Одлични вештини за менаџирање на време со докажана способност за запазување на рокови
  • Силни аналитички и вештини за решавање на проблеми
  • Силни вештини за надзор и лидерство
  • Способност за прилагодување на потребите на организацијата и вработените
  • Способност за приоретизирање на задачите и нивно делегирање по потреба
  • Темелно познавање на законите и регулативите за работен однос
  • Компјутерска писменост (Microsoft Office - Microsoft Word, Excel, PowerPoint) 
  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик

Образование и искуство:

  • Најмалку 5 години работно искуство во менаџирање на човечки ресурси
  • Потреби се завршени дипломски студии по човечки ресурси, деловна администрација или поврзано поле; преферентно завршени постдипломски студи

Надомест за работната позиција:

  • Месечна плата почнувајќи од 60.000 нето, плус можност за бонуси во висина до 5 пати од висината на месечната плата

Вашата биографија испратете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »