Промовирани огласи »

Вработување во Уни Банка!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Уни Банка!

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба
Бизнис администратор
Референт на фронт офис во експозитура - East Gate Mall Скопје
Референт на благајна - Експозитура East Gate Mall Скопје
Референт на фронт офис во експозитура - Берово

Се уште невработени?! Погледнете ги останатите огласи ТУКА.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Од следниот месец стартуваат новите авиолинии до Лион и Барселона

Наскоро и лет на релацијата Скопје - Дубаи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

Според најавите, летови за Барселона ќе има двапати неделно, секој вторник и сабота, а за Лион трипати, секој вторник, четврток и сабота. Авиолиниите се реализираат со субвенции од Владата. „Виз ер“ согласно Договорот за финансиска поддршка, од 29 септември треба да ја воведе и авиолинијата Скопје - Штутгарт, која ќе ја опслужува три пати неделно, во понеделник, среда и петок, а од 27 март се опслужува линијата Охрид - Истанбул.

Со последниот повик за субвенционирани летови беше најавено дека повторно ќе има лет на релацијата Скопје - Дубаи и требаше да стартува на од 30 март, но „Флајдубаи“ побара нејзино пролонгирање за наесен.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела на седница за пратенички прашања во информација за посетата на Обединетите Арапски Емирати рече дека се преговара за линија од Абу Даби до Охрид, а вицепремиерот Александар Николоски претходно соопшти дека се разгледуваат и можностите за авиолинија Скопје - Прага.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај ТАВ Македонија Христијан Мицкоски

Промовирани огласи »

Дали денес во IT се заработува помалку од претходно?

Конкуренцијата расте, платите паѓаат: Која е новата реалност за IT работници? Благодарение на AI, аутсорсингот и масовните отпуштања, платата само оди надолу.

Во последната година, технолошките работници се соочија со намалување на платите за 20%, поради фактори како што се развојот на вештачката интелигенција, аутсорсингот и масовните отпуштања. Бројот на понуди за ИТ позиции е намален за 30% од 2020 година наваму, што ги принудува работниците да прифаќаат пониски плати.

Во 2024 година, во САД беа отпуштени повеќе од 300.000 технолошки работници, што ја влоши конкуренцијата. Аутсорсингот исто така ја зголеми конкуренцијата, бидејќи 40% од ИТ работниците во САД се натпреваруваат со кадар од земји со пониски трошоци за работна сила. Напредокот на AI автоматизира многу улоги, додека само специјализираните области како развој на AI остануваат профитабилни. Сепак, технолошкиот сектор генерално бележи пад на платите, особено во помалку специјализираните области.

Дали денес во IT се заработува помалку од претходно?

Тагови: вештачка интелигенција плата

Промовирани огласи »

Радикално скратувањето на работната недела: Дали во иднина ќе работиме само два дена?

Бил Гејтс предвидува револуција во работната недела поради напредокот на вештачката интелигенција.

Стандардната работна недела, од девет до пет, можеби станува историја. Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, верува дека вештачката интелигенција (AI) ќе ги замени луѓето на повеќето работни места, овозможувајќи работа само два дена неделно. Тој нагласува дека AI ќе ја направи „интелигенцијата бесплатна“, со далекусежни последици за пазарот на трудот.

Ризици и предизвици

Гејтс алудира на доаѓањето на вештачката општа интелигенција (AGI), кога AI ќе ги надмине способностите на луѓето во многу области. Тој предупредува на суштински промени во вработувањето, каде што многу работни места ќе исчезнат. Џефри Хинтон дополнително истакнува дека може да се создаде нееднаквост во општеството, а иднината ќе зависи од поддршка на луѓето и без класично вработување.

Етички дилеми и визии за иднината

Иако визијата на Гејтс за изгледот на работата звучи примамливо, се појавуваат важни етички прашања: кој ќе ја контролира оваа напредна технологија и како ќе се користи? Ватикан предупредува за потенцијалните опасности, ако AI се најде „во погрешни раце“. Радикалното кратење на работната недела изгледа како сон, но полн со непознати. Светот на работата е пред големи промени, и тоа побрзо од кога било.

Тагови: Microsoft вештачка интелигенција работна недела Бил Гејтс

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »