За компанијата: ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија...
повеќе за компанијата »Експерт за Back office (позадинско работење) - Дирекција
Ако сте енергична, позитивна, одговорна личност со желба за развој. Ако сте динамична личност, која се стреми кон најдобри резултати и суштински мотивиран да успее, тогаш ВИЕ сте вистинскиот кандидат за нас.
Кои сме ние:
ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.
Во Р.С Македонија, компанијата почнува со работа од Фебруари 2023 година и се стреми да биде една од водечките финансиски компании во РС Македонија.
Доколку ве заинтригиравме и сакате да станете дел од нашиот тим, ја чекаме Вашата биографија. Податоците испратени од вас ќе се разгледуваат и чуваат под строга доверливост во согласност со барањата на Законот за заштита на лични податоци. Успешните кандидати ќе бидат поканети на интервју.
Од што се состои работата:
- Проверка на исправноста на внесените податоци во информацискиот систем и обработка на барањата за кредит.
- Водење телефонски разговори со апликантите за кредит, според интерните правила за кредитирање.
- Дава предлози за оптимизирање и подобрување на процесите и безбедноста на информациите кои се во негова надлежност.
- Соработува со одделот за ИТ за решавање на проблемите со кои што се среќаваат во работниот процес.
- Ги обработува и подготвува за исплата потврдените договори за кредит на клиентите и проверка на комплетноста на примените документи и нивно предавање на тимот на Администрација на Архива.
- Врши други должности надвор од делокругот на работа кога е потребно за да се обезбедат непречени процеси на сите оддели во рамките на секторот.
- Ќе работите во исклучително динамично опкружување, погодно за амбициозни и упорни луѓе со натпреварувачки дух.
- Предност ќе биде Вашето искуство доколку сте работеле на исто или слично работно место;
Што ви нудиме:
- Работа со договор за вработување;
- Бонуси, врз основа на постигнатиот резултат;
- Дополнителни бенефиции;
- Можност за професионален развој;
- Внатрешна обука базирана на најдобрите европски практики.
Што се очекува од вас:
- Да имате најмалку завршено средно образование;
- Да бидете комуникативна и одговорна личност, со желба за развој;
- Да имате вештини за продажба и убедување;
- Да имате основна компјутерска писменост (MS Office);
- Да бидете организирани и позитивни;
- Да сакате да работите во динамична средина
Слични огласи »