За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »„Пикаса Аналитикс како компанија специјализирана во аналитика на медиумите, стратешки развој и следење на медиуми и канали за социјални медиуми на сите студенти на Економски, Правен факултет и Социологија, им овозможува платена пракса"
Ти си:
- Млад, амбициозен студент на новинарство, маркетинг, е-бизнис, политикологија и социологија, што сака да истражува, анализира и учи нови работи,
- Спремен да биде дел од тим и корпоративна култура.
Секојдневието ќе ти биде исполнето со:
- Изготвување на медиумски анализи за реални клиенти,
- Полнење на базата на податоци на нашата онлајн платформа,
- Учење на нови аналитички алатки.
Услови во кои ќе функционираш:
- Здрава работна средина,
- Твое биро и лап топ,
- Менторство од врвни луѓе во својата област, аналитичари, маркетинг менаџери и IT специјалисти,
- Платена пракса која може да трае од еден до три месеци.
Сите амбициозни и заинтересирани студенти кои имаат интерес во полето на науката за политиката, новинарство, PR и медиумската аналитика можат да земат учество и да аплицираат на копчето подолу или на [email protected] со наслов "Пракса Аналитикс"
Можност за вработување по завршувањето на праксата и покажаниот интерес. Пријави се веднаш и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот тип за нас.
Слични огласи »