Менаџер за финансии

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Приватна агенција за вработување Мотиви, за свој клиент, реномирана градежна компанија во Скопје, објавува оглас за вработување на МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ

Менаџерот за финансии дава оперативна и програмска поддршка на компанијата, со цел оптимизација на процесот на донесување на важни одлуки на ниво на целата компанија.

Ваши задачи:

  • Управување со сите финансиски текови и сметководство во компанијата
  • Грижа за работата согласно финансиските, сметководствените, правните закони и даночни стапки на ниво на Република С. Македонија
  • Раководење со Сектор Финансии, во кој влегуваат следниве оддели: финансии и сметководство, проекти, контролинг, човечки ресурси
  • Контролинг- пратење на трошоците, анализирање на истите и финансиско известување

Вашиот профил:

  • Високо образование од областа на економските науки и/или сметководството и финансиите; завршени магистерски студии за бизнис администрација и/или друга соодветна диплома за постдипломски студии или завршен факултет во странство ке се смета за предност  
  • Повеќе од 5 годишно искуство на одговорни раководни места во делот на финансиското и книговодственто работење или работно искуство во фирми во странство
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office) како и софтвер за сметководство
  • Способност за тимска работа, работа под притисок и почитување на предвидените рокови
  • Имате изразени лидерски, аналитички и комуникациски способности, како и силни стратешки и организациски вештини

Предвидена почетна основна –нето плата на  позицијата по договор, во зависност од работното искуство на кандидатот.

Сите заинтересирани кандидати, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ДИРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ, или на полето за брза апликација најдоцна до: 14/05/2021.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »