
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »За потребите на свој клиент, Мотиви бара:
МЕНАЏЕР НА СЕРВИС
Компанија од Скопје која делува во областа на увоз и трговија на бела техника и опрема за домаќинство има потреба од лице кое ќе се грижи за беспрекорно функционирање на сервисот на компанијата како и на сите сервиси-партнери на истата. Кандидатите со помало искуство ќе поминат техничка обука. Кандидатот почнува со работа веднаш!
Опис на работните обврски:
- координација и организирање на тековните обврски на интерниот сервис;
- контрола и надзор на сервисите-партнери;
- давање на налог и инструкции за работа на подредените;
- изготвувње на извештаи и анализи за надредените.
Потребни квалификации:
- организациски способности и желба за тимска работа;
- менаџерски вештини;
- најмалку ССС;
- одлична психофизичка состојба;
- слично или исто работно искуство се смета за предност.
Сите заинтересирани кандидати да пратат CV на kariera@motivi.mk со назнака "Менаџер на сервис " .
Само кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите ќе влезат во потесен круг.
Огласот е активен до 15.09.2017год.
Останати огласи »