Менаџер на одржување на семеен движен и недвижен имот

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Мотиви:

Marketing Manager

Мотиви Вработување за потребите на својот клиент објавува оглас за: 

МЕНАЏЕР НА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕМЕЕН ДВИЖЕН И НЕДВИЖЕН ИМОТ

Се бара лице за водење и одржување на семејни недвижности и возила, во Македонија и во странство.

Обврски

  • Секојдневно менаџирање на сите обврски кои произлегуваат од имотот: одржување на имотот, заштита, сочувување и растење на неговата вредност
  • Запазување на сите законски рокови поврзани со важност на документи, договори и друга деловна кореспонденција: обезбедување и продолжување на осигурување, регистрација, договори за наем, месечни сметки, плаќања и други обврски покриени со соодветни полномошна.
  • Комуникација со фирми за одржување, сервиси, комунални претпријатија, занаетчиски услуги и други специјализирани услуги од физички и правни лица
  • Комуникација со странски правни и физички лица поврзани со имот во странство
  • Координирање на персоналот

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Високо или средно образование;
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Со или без работно искуство;
  • Претходно искуство во менаџирање ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за мобилност и извршување различни работни задачи во текот на денот
  • Подготвеност за патување во странство
  • Организираност, одговорност и самоиницијативност

Што нудиме:

  • Конкурентни и стабилни примања
  • Можност за работа во канцеларија и на терен
  • Слобода во организирањето на работниот ден
  • Награди и бенефиции од покажани резултати во работењето
  • Други погодности и флексибилности во договор со работодавачот
  • Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност да се трансформира на неопределено време

Заинтересираните кандидати да испратат CV на меил s.stojanovski2023@gmail.com. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за избор ќе бидат контактирани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »