Оператор во магацин - Бунарџик

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

ПАВ МОТИВИ за свој клиент, реномирана компанија од автомобилската индустрија, објавува оглас за:

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

Работни задачи

  • Следење на инструкции
  • Растовар на материјали, проверка на количина и квалитет и пополнување на транспортна документација
  • Редовно складирање на примените материјали на соодветна локација следејќи го ФИФО принципот
  • Внимателно ракување со материјалите и готовите производи
  • Контрола и грижа за празното пакување
  • Утоват на готовиот производ како и проверка на количината и квалитетот
  • Учествување во попис
  • Времено одвојување и отстранување на отпадот
  • Управување со виљушкар во согласност со правилата за безбедност

Лични квалитети и компетенции

  • Завршено средно образование
  • Минимум 1 година искуство во производство како магационерж
  • Способност за тимска работа
  • Лиценца за управување со виљушкар
  • Познавање на работа со компјутери

Нудиме:

  • Надомест за минат труд, сменска работа, прекувремена работа, работа во недела и празник и сл.

  • Обезбедени храна и превоз

  • Индивидуални и тимски бонуси

  • Спортски активности

  • Слободен ден за роденден

  • Подароци и изненадувања

  • Работа во одлични услови

Како да се аплицира:

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите апликации на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »