
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви, за потребите на свој клиент бара:
ПРОДАЖЕН АГЕНТ
Kомпанијата Intelligent Network Solution INS, која претставува модерна и брзорастечка компанија и делува во доменот на обезбедување современи IT решенија и услуги, заради исполнување на својот развоен план нуди отворени работни позиции.
Потребни квалификации:
- најмалку средно образование;
- работно искуство минимум 6 месеци ќе се смета за предност;
- вештини за водење на продажен процес со Бизнис корисници;
- познавање на современите информациски услуги, производи и технологии;
- одлично познавање од компјутери;
- познавање на Англиски јазик;
- изразена работна дисциплина, лојалност и одговорност кон работата.
Работни задолженија:
- презентирање на услугите преку директни контакти со потенцијалните Бизнис корисници;
- вршење директни продажби;
- постигнување на зададени таргети;
- позитивно промовирање на компанијата и брендот;
- овластувања во име на друштвото да склучува Договори за засновање претплатнички однос за обезбедување пристап кон GPS системот за следење на компаниски возила;
- изготвување на дневни извештаи, договори, анекси и слична документација.
Огласот е валиден до 30.08.2017 година.
Сите заинтересирани кандидати да пратат биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] . На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои најмногу одговараат за работното место.
Слични огласи »