За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Приватна Агенција за Вработување МОТИВИ за свој клиент, објавува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место - Специјалист за малопродажба
Основни работни обврски:
- Координација и контрола на реализацијата на производи.
- Учество во формирање и контрола на исполнување на плановите и стратегијата на продажба.
- Разработка и воведување на стратегија за развој на малопродажниот бизнис.
- Мониторинг на финансиско-економските резултати на малопродажбата и разработка на мерки за зголемување на ефикасноста.
- Составување на планска програма за разместување на производи по групи, унапредување на продажба.
- Контрола над крајните рокови за продажба на производите, попис, следење на минималниот асортиман на производи.
- Подготовка на извештаи за продажба и исполнување на контролни показатели.
- Други обврски по налог на претпоставените.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Економски факултет), работно искуство во областа на малопродажба најмалку 3 години;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно и активно познавање и користење на Excel, познавање и користење на софтверски апликации за продажба и трговија;
- Познавање на законски прописи поврзани со работење во трговија на мало, Закон за трговија и Закон за заштита на потрошувачи;
- Активна возачка дозвола;
Професионални знаења и способности:
- Ориентираност кон скратени рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
- Одлични аналитички способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
- Мотивирана и стабилна личност;
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
Сите заинтересирани потребно е да достават резиме (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки.
Напомена:
- Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.
- Компанијата го задржува правото да не ја пополни огласената позциција.
Слични огласи »