
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Key account – вработен во продажба
МОТИВИ за потребите на својот клиент UPower има потреба од вработен во продажба. Компанијата е формирана во 2016 година и брои тим од 7 професионалци, а со финалната фаза на либерализацијата на пазарот на електрична енергија и зголемениот обем на работа има потреба од ширење на својот тим. Референтната листа на повеќе од 200 клиенти кои веруваат во мисијата за брзо и ефикасно трансферирање на слободниот енергетски пазар е уште една потврда за успешноста на компанијата.
Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Потребни квалификации:
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Пожелно минимум две години искуство на иста или слична позиција;
- Валидна возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик.
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Способност за индивидуална и тимска работа.
- Искуство и познавања во областа на пазарот за електрична енергија ќе се смета за предност.
Опис на работно место:
- Продажба на електрична енергија на правни субјекти
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
- Развивање и одржување на односите со клиентите, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
- Одговорнот за постигнување на продажните таргети;
- Учество во формирање на цени и продукти
- Унапредување на продажбата на продуктното портфолио на компанијата преку изнаоѓање на канали на промоција и користење на постојните канали за промоција и продажба на продуктите на компанијата
- Остварување на цели и таргети
- Канцелариска работа со оптимални работни услови
Очекувања од кандидатите:
- Максимална посветеност
- Проактивност при поставување на таргети и цели
- Способност за работа под притисок и исполнување на рокови на динамичен пазар
Ги молиме сите заинтересирани кандидати да аплицираат по електронска пошта на: kariera@motivi.mk. Оваа објава ќе истече на 19.03.2019 година.
Ве известуваме дека само кандидатите кои се избрани за интервју, ќе бидат контактирани.
Слични огласи »