Мотиви лого

Менаџер за управување со електронски отпад

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Трговско друштво за трговија и услуги од Скопје со главна дејност санација и останати услуги за управување со отпад, има потреба од вработување на едно лице на позиција:

 

Менаџер за управување со електронски отпад

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Минимум 2 години релевантно работно искуство,
  • Работно искуство како менаџер за клучни клиенти ќе се смета за предност,
  • Степен и вид на образование: ВСС,
  • Добри комуникациски вештини,
  • Систематичност, организираност, иницијативност,
  • Одлично познавање на работа со MS Office,
  • Одлично познавање на Англискиот јазик (усно и писмено),
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија.

 

Главните задачи и одговорности:

  • Дизајнирање и спроведување на на планови и процеси за собирање на електронски отпад,
  • Комуникација и соработка со комапниите кои се занимаваат со собирање и обработка на електронски отпад,
  • Комуникација и соработка со компаниите кои имаат инсталации за третман на електронски отпад,
  • Комуникација и соработка со производителите на електронски отпад и ширење на мрежата на компании членки на колективниот постапувач, 
  • Комуникација и соработка со компании кои вршат транспорт и логистика на електронски отпад,
  • Изработка, администрирање и следење на реализацијата на поставените планови за работа и доделените буџети,
  • Комуникација и соработка со членките во системот на колективниот постапувач,
  • Водење на евиденција, статистички, регулаторни и други извештаи за потребите на работењето на компанијата,
  • Обезбедува усогласеност на процесите на собирање, транспорт, одлагање и преработка на електронскиот отпад со соодветно применливите законски прописи,
  • Обезбедува спроведување на Програмата за работа на компанијата поднесена до соодветните регулаторни органи,
  • Во соработка со членките на системот на колективниот постапувач презема активности за подигање на свеста за загадувањето од електронски отпад,
  • Одговара на било какви барања на информации, поплаки и сл од клиенти на членките на системот на колективниот постапувач или на соодветните регулаторни органи,
  • Ги следи движењата на пазарот за електронски отпад и предлага стратегии и планови за позиционирање на компанијата на пазарот.

 

Услови за работа:

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим,
  • Поддршка во реализација на активностите од страна на основачите,       
  • Континуирана обука и развој на вештини за работа.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, аплицирајте на копчето подолу или на меил: kariera@motivi.mk

Огласот е активен до 07.11.2017 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »