
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »МОТИВИ за потребите на свој клиент, овластен сервис за поправка на електронски уреди за широка потрошувачка распишува оглас за вработување на:
АДМИНИСТРАТОР ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ВО МАГАЦИН
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС,
- Искуство со следење на лагер и нарачка на трговска стока или делови за истата,
- Добри аналитички способности,
- Познавање на работа со компјутер, MS Office (Word, Excel), Internet browser.
Одговорности и работни задачи:
- Следење и контрола на потрошени резервни делови во сервисниот центар,
- Нарачка на резервни делови за отворените работни налози од страна на операторите и нивно следење и проследување до сервисите, се до затварање на налогот,
- Редовна набавка на резервни делови со асистирање и координација на сервисерите во сервисниот центар и сервисерите со кои се соработува,
- Задолжување со лагерот на резервни делови,
- Расходување на расипани резервни делови,
- Правење налози за расклопување на готови производи,
- Комуникација и контрола на овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите,
- Водење на детална евиденција во постоечкиот софтверски пакет, како и давање на предлози за негово унапредување,
- Подготвување на тековни и периодични извештаи,
- Следење на трендовите на проблемите со производите и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти,
- Справување со расходувани производи.
Бенефиции:
- Континуирана обука и можности за напредување,
- Нето плата во износ од 18.000 - 22.000 денари, зависно од искуството и квалитетот на работа.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на email: kariera@motivi.mk, со назнака: “Оглас за администратор за резервни делови“.
Огласот е активен до 29.10.2017 година.
Слични огласи »