Агент за корисничка Поддршка (германски јазик)

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

ПАВ Мотиви за својот клиент Teleperformance, oбјавува оглас за вработување на Агент за корисничка Поддршка (германски јазик)

Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредна можност за кариера. Нашиот тим брои повеќе од 320.000 колеги во 80 земји ширум светот, со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work.

Во новото претставништво во Скопје тимот е составен од над 300 мотивирани колеги кои работат на различни глобални проекти во областа на обезбедување на корисничка поддршка.

Во моментов, го прошируваме тимот на:

Позиција: Агент за корицничка поддршка (Германски јазик)

Локација: Скопје или работа од дома

Кои вештини се потребни за да се приклучиш?

  • Напредно зборување и пишување на германски јазик (минимум Б2 или повисоко ниво)
  • Добро познавање на англиски јазик (минимум Б1 или повисоко ниво)
  • Способност за работа на компјутер и смартфон
  • Сакаш да комуницираш преку телефон

Немаш искуство? Beз грижа! Ние ќе те обучиме со нашите професионални обуки обезбедени од нашиот меѓународен тим.

Што ќе работиш?

  • Поддршка и советување на клиенти одговарајќи на нивните прашања преку телефон
  • Информирање и советување за производи и услуги
  • Одговарање на повици и е-пошта од клиенти
  • Јасно идентификување на проблемите на корисниците и нудење на прифатливи решенија
  • Извршување и документирање на сите активности и процеси во софтвер

Што ќе ти обезбеди Teleperformance?

  • Работа во компанија базирана на германски стандарди и интернационални можности
  • Професионална обука и постојан развој
  • Плата повисока од конкурентната плата на пазарот за позицијата
  • Канцеларии во високотехнолошки модерен објект во центарот на Скопје

Како да аплицираш?

Сите заинтересирани кандидати да ги испспратат своите професионални биографии на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака AГЕНТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »