Плата од 30.000 ден.
Мотиви Вработување за свој клиент, објавува оглас за вработување на
ДАДИЛКА – негувателка
Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето.
Клучни одговорности на дадилката:
· Грижа и нега на бебе
· Хранење, стерилизација на шишиња
· Подготовка на оброци за детето и хранење
· Бањање, облекување и пресоблекување
· Помош на детето околу лична и општа хигиена
· Организирање на денот
· Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето
· Читање на книги
· Помош околу домашни задачи
· Прошетки
· Одржување на детска соба и простор за играње
Квалификации и вештини:
· Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)
· Одлични комуникациски вештини
· Претходно искуство како негувателка
· Препораки од претходни работодавачи
· Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk со назнака ДАДИЛКА или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.