
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви за потребите на свој клиент HUMBEL Gears, која е една од водечките компании производители на менувачи и запчаници, со свои фабрики во Швајцарија, Република Чешка и Романија, итно има потреба од засилување за софистицираното производство на сложените високотехнолошки производи за мотоспортот и е-мобилност, во Република Македонија! Се бараат посветени и квалификувани вработени.
Производствен механичар/стругач на CNC
Задачи
- Поставување и управување со нашите модерни CNC стругари со 4 оски.
- Производство на големи серии за барањата на нашите клиенти, меѓу кои Формула 1 и Формула Е.
- Оптимизација и заштитата на производствениот процес.
- Следење на производствениот квалитет.
- Активно учество во процесот на подобрување.
Профил
- Стручна спрема како производствен механичар, инструментатор или еквивалентна стручна подготовка.
- Одлични познавања со обработка и сечење на метал.
- Добро познавање на управување со CNC.
- Добро познавање на македонски или албански јазик.
- Флексибилност во работното време (работа во 2 и 3 смени).
Нудиме долгорочна посветеност и добри можности за развој во динамична и мотивирана средина.
За да се обезбеди непречена работа, кандидатите ќе поминат стажирање во матичната фабрика во Швајцарија, во траење од околу четри месеци. За време на обуката, кандидатите ќе бидат запознаени со најважните процедури и потребните вештини.
Вашите CVa испратете ги на kariera@motivi.mk или исконтактирајте не на бројот 075/444-067.
Останати огласи »