Мотиви Вработубање за својот клиент Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, објавува оглас за:
СОРАБОТНИК ЗА ЛОГИСТИКА
Опис на работата:
Координирање на излезните пазари за извоз на сите готови производи; координација на планови за товарење, обезбедување транспорт, комуникација со магацин, следење на царинските документи и следење на пратките. Следење на датумите на испорака, согласно побарувачката на пазарот/клиентите, според стандардите на Филип Морис и прописите на царинските органи.
Главните обврски:
- Координација на сите активности поврзани со складирање, внатрешна логистика и планирање во рамките на синџирот на снабдување, грижа за постигнување на сите KPI.
- Координација на сите активности поврзани со следење на залихите, обезбедувајќи точност на информации во системот каде што се евидентираат сите податоци за залиха.
- Планирање и следење на увезената стока од компанијата, преку организација на транспорт со различни добавувачи, притоа следејќи ги стандардите за квалитет, интерните процедури и надворешното законодавство.
- Целосно, точно и навремено следење на сите поврзани административни и царински процедури.
- Контрола на протокот на акцизни бандероли, активност која се однесува на подготовка на налози за внатрешни одобренија, добивање одобрение и испраќање на соодветните документи до царинските органи во Северна Македонија. Управување од логистичка гледна точка на процесот на испраќање/примање на акцизни бандероли до производниот центар во Прилеп.
- Завршување на процесот на царинење, проверка на конзистентноста на документацијата генерирана за време на царинењето со работните налози и според модулите на глобалниот систем за царинска усогласеност.
- Вреднување, потекло и класификација.
- Контрола на потребната документација за извоз на цигари за добивашњ на сертификат за потекло и издавање образец EUR 1.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- 2-3 години искуство во синџир на снабдување/оддел логистика
- Се претпочитаат финансиски и фискални знаења
- Microsoft Office (Напредно), SAP, администрација на бази на податоци
- Разбирање на деловните оперативни процеси и финансии.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk со назнака СОРАБОТНИК ЗА ЛОГИСТИКА или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.