За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување, за својот клиен TAV Macedonia, објавува оглас за повеќе позиции, вклучувајќи:
АГЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ
Работни задачи:
- Спроведување на анкети на патници во заминување, со цел за истражување на квалитетот на аеродромските услуги.
- Работа во смени како теренски агент кој директно комуницира со патниците за да го пополнат прашалникот, за кој агентот треба внимава да биде технички валиден.
- Исполнување на квартални и годишни квоти за анкетите.
- Следење и исполнување на правилата за усогласеност и задржување на критериумите за подобност на програмата за истражување на квалитетот на услугите.
- Креирање дневни, неделни, месечни, квартални и годишни извештаи за направените анкети.
- Интегрирање на податоците прибрани преку анкетите и креирање на извештаи кои содржат квантитативна и квалитативна анализа.
- Индивидуално користење на соодветни софтверски програми за спроведување на анкетите.
- Задолжителни обуки за извршување на работните задачи.
На кандидатот ќе му бидат обезбедени:
- Соодветни обуки за спроведување на анкетите на патници со цел владеење на софтверските апликации, како и подготовка и анализа на извештаи.
- Соодветни ориентациски обуки за работа во ТАВ Македонија и на Аеродром, како и обуки за здравје и заштита при работа.
*Работната позиција подразбира работа во смени на аеродромот, постојано движење низ аеродромот и директна комуникација со клиентите.
Потребни вештини:
- Течен македонски и англиски јазик (вербален и пишан) се задолжителен минимум.
РАБОТНИ УСЛОВИ
- Флексибилно работно време и работа во смени
- Обезбеден организиран преввоз
- Обезбеден топол оброк
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected]к (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.