Мотиви лого

СМЕТКОВОДИТЕЛ

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

МОТИВИ за потребите на својот клиент, компанија која се занимава со градежништво, услуги и недвижности распишува оглас за позицијата

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Квалификации: 

  • Универзитетско образование – Економски факултет,
  • Минимум 5 години работно искуство во областа,
  • Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
  • Искуство во подготовка на завршни пресметки,
  • Уверение за Овластен Сметководител,
  • Активно користење на MS Office, Internet Explorer,   
  • Добро познавање на англиски јазик,
  • Висока работна етика, одговорност и организациски способности,
  • Способност за запазување рокови и остварување на резултати.

 

Одговорности:

  • Подготовка и книжење на целокупната сметководствена документација,
  • Контрола на финансиска и материјална евиденција,
  • Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи,
  • Давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето,
  • Подготовка на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
  • Буџетирање и контрола,
  • Комуникација со сите релевантни државни институции,
  • Континуирано професионално усовршување.

 

Што нудиме?

  • Можност за напредок и развој  на професионални вештини,
  • Работа по високи професионални стандарди како дел од интернационална групација,
  • Континуирана обука и можност за напредување,
  • Работно време: од Понеделник до Петок, 08:00-16:00 часот.

 

Доколку сметате дека го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата професионална биографија на  e-mail: kariera@motivi.mk  со назнака: “Оглас за Сметководител”.

Огласот е активен до 23.11.2017 година

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »