
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »МОТИВИ за потребите на клиент бара:
Административен работник (за фирма во економска зона Петровец)
Кој би бил одговорен за следното:
- Средување на документи за испорака,
- Организирање на транспорт (фирма за транспорт и царина),
- Подготовка на документација (листи за пакување, фактури),
- Подготовка на комплетна документација за сметководство,
- Внесување на податоци во нашиот сопствен систем (нови артикли, локации, резервации),
- Внесување на податоци на македонски јазик во системот Helix.
Кандидатот е потребно да ги исполни следните услови:
- Добро познавање на англиски јазик (пишување и читање),
- Познавање во областа на сметководство е предност,
- Пожелно е да живее блиску до Петровец (јавен превоз не е достапен),
- Да има сопствен превоз,
- Да има можност/желба да замине за Белгија на обука,
- Да може да започне со работа веднаш.
Сите заинтересирани кандидати, да ги испратат своите апликации на меил: kariera@motivi.mk
Слични огласи »