Машински инженер

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Приватна Агенција за Вработување МОТИВИ за својoт клиент, компанија со многу годишно искуство која  нуди сервисирање, одржување на уреди за климатизација и  опрема за вентилација бара: Машински инженер 

       Услови на кандидатите:

  • Завршен Машински Факултет - насока Термотехника ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
  • Доколку кандидатот поседува овластување Б или А ќе се смета за предност
  • Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad MEP” и слични
  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
  • Солидно познавање англиски или германски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Да поседува вештини за комуникација, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата за следниве работни задачи:

  • Фреквентна и континуирана комуникација со купувачи и водење записи
  • Исполнување месечни и годишни планови за продажба
  • Достапност кон претпоставените и купувачите во секое време
  • Изработка на решенија, избор на опрема и креирање понуди спрема купувачи во најкратко време
  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата
  • Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
  • Организација и архивирање документација за тековната работа
  • Изработка на извештаи, маркетиншки материјали, кампањи за продажба
  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

      На вработените им нудиме:

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
  • Работа во фабрика, климатизиран објект
  • Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
  • Дефинирани дати за годишен одмор
  • Награди за посветено извршување на работните задачи
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Услови за работа:

 Се работи 1 смена од 08.00-16.00 часот
ПЛАТА: почетник 25.000 денари, средно искусен 32.000 денари, искусен од 40-50.000 денари.

Вашата биографија испратете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака: Машински инженер - смер термотехника со овластување

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »