Приватна Агенција за Вработување МОТИВИ за свoи клиенти, објавуава оглас за:
ДИРЕКТОР НА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
Улогата на директорот е да има целокупна одговорност за сите финансиски, правни и административни аспекти на инвестицискиот фонд и соодветната компанија за управување со фондови.
Работејќи заедно со потпретседателот и главниот оперативен директор, ќе учествува во покривање на сите аспекти од финансии, буџетирање, книговодство и сметководство.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Ќе се погрижи, инвестицискиот фонд и соодветната компанија за управување со фондови да се во согласност со финансиските политики и процедури;
- Ангажирање, развивање и водиње на финансиски тим;
- Ги превзема сметководствените и даночните функции на компанијата (вклучително и проверка на платите, даноците);
- Навремено и точно анализирање и презентирање на финансиски извештаи;
- Координирање и водење на годишниот процес на ревизија, поврзување со надворешни ревизори итн.;
- Ажурирање и спроведување на сите потребни финансиски политики и сметководствени практики;
- Спроведување и прегледување на процесите на корпоративното буџетирање;
- Одговорност за политиките за управување со готовина на компанијата;
- Исполнување на регулаторните барања на сите законски тела;
- Поднесување на даночните пријави навремено и без грешки;
- Соодветно анализирање на сите инвеститори во фондовите;
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНЦИИ
- ВСС – Економски факултет (сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство)
- 10+ години искуство со јавни инвестициски фондови, приватни инвестициски фондови или банка.
- Добрите комуникациски вештини се од суштинско значење, особено во поглед на презентирање на резултатите од анализите, на менаџментот.
- Поседување на сертификат од областа на СППФТ
ЛИЧНИ КВАЛИТЕТИ
- Способност за расудување и донесување одлуки
- Способност за градење на добри односи
- Лидерство
- Политичка свест
- Извонредни комуникациски вештини
Вашата биографија испратете ја на kariera@motivi.mk со назнака ДИРЕКТОР НА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.