Заменик генерален директор

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

МОТИВИ за потребите на Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје-Центар п.факс 915 кој е Давател на услугата Брз Трансфер на Пари- MoneyGram, Лиценцирана од страна на НБРМ, објавува оглас за:

                                                 Заменик-генерален директор

Работни задачи:

  • Соработува со генералниот директор со цел развивање и спроведување на долгорочен стратешки план;
  • Идентификува, предлага и развива нови производи;
  • Промовирање на услугите кои се нудат од страна на институцијата;
  • Одговорен за развој и управување со мрежата на субагенти;
  • Преговара договори за разни проекти;
  • Го советува генералниот директор за специфични проекти;
  • Поддршка на генералниот директор во подготовка на различни извештаи;
  • Организирање и надзор на работата на сите одделенија;
  • Надзор на тековно имплементирање на интерните политики и процедури;
  • Предлага унапредување на постојните процеси;
  • Го заменува генералниот директор во негово отсуство;
  • Врши и други функции во согласност со закон, статут и други општи акти.

Потребни квалификации :

  • Завршено високо образование на некој од факултетите за менаџмент или слично;
  • Пожелни се постдипломски квалификации;
  • Над 5 години работно искуство во управување;
  • Добро познавање на македонскиот пазар;
  • Одлични комуникациски вештини на Македонски, Англиски и Албански јазик;

Заинтересираните кандидати своето CV да го испратат на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “Оглас за заменик генерален  директор”.

Напомена:
Огласот важи  до  10.08.2017 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »