Раководител на сектор за финансии и сметководство (Тетово)

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување за свој клиент објавува оглас за:

РAKОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО 

КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Оперативно планирање и водење на активностите во секторите каде е одговорен
  • Решавања на нарушувања во секторот каде е одговорен
  • Оптимизација на распоредувањето на добиените финансиски и кадровски ресурси
  • Делегирање, координирање и контрола на работните обврски на вработените
  • Следење и вреднувањето на изведбата на вработените
  • Планирање на потребите од кадри
  • Одговорен за спроведување на законските и подзаконските прописи во финансиското работење
  • Одговорен за навремена достава на објективни финансиски извештаи согласно МСФИ,

МСС и останата законска регулатива до надлежни државни институции

  • Одговорен за навремено и точно пресметување и извршување на обврските по месечни, аконтативни периодични пресметки и конечни даночни пресметки согласно даночната регулатива и нивна достава до надлежна институција
  • Изготвува финансиски извештаи и анализи за работата на правните лица од аспект на финансиското работење и инвестиции
  • Организира навремено изготвување на периодични и годишни финансиски извештаи и ги доставува до надлежните институции (Централен регистар) согласно локална регулатива)
  • Ги следи и применува меѓународните сметководствени стандарди и промените во законските и подзаконските акти во делот на финансиското работење и интерните политики и процедури
  • Соработува со надворешните ревизори, даночната контрола и други финансиски Институции
  • Одговорен е за законитоста во финансиското работење во субјектот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 3 години работно искуство на извршна функција во финансии
  • Активна работа со MS Office

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:

  • Менаџерски вештини
  • Почитување на крајни рокови
  • Интегритет на личност
  • Конструктивно решавање на конфликти
  • Навремено носење на одлуки
  • Ориентираност кон големата слика

Работно време: Од понеделник до петок од 08:00‐16:00 часот

Локација: Тетово

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »