Работник во производство - оператор на cnc машина

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Приватна Агенција за Вработување МОТИВИ за својoт клиент, компанија со многу годишно искуство која нуди сервисирање, одржување на уреди за климатизација и  опрема за вентилација бара:

РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА (CNC apkant press)

Операторите управуваат со автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Операторот треба да има познавање од работа на ЦНЦ машина.
  • Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на ЦНЦ апкант преса или слична машина
  • Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)
  • Работно искуство како ЦНЦ оператор од минимум 1 година ќе се смета за предност

За следниве работни задачи:

  • Ракување  со  механички,  полуавтоматски  и  автоматизирани машини  - пунч преси и преси за виткање за различни видови обработка на метални плочи, профили или цевки и надгледување на нивната работа;
  • Прости доработки и преправки на податоци за НЦ или ЦНЦ програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;
  • Работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;
  • Тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;
  • Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;
  • Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки;
  • Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
  • Работа во фабрика во чисти услови и во климатизиран објект
  • Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
  • Дефинирани дати за годишен одмор
  • Награди за посветено извршување на работните задачи
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Услови за работа:

  • Се работи 1 смена од 7:30 - 15:30
    ПЛАТА: од 20.000 до 27.000 денари зависност од искуството

 

Вашата биографија испратете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Работник во производство 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »