Мотиви лого

ШПЕДИТЕР

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

МОТИВИ за потребите на свој клиент распишува оглас за вработување на

 

ШПЕДИТЕР

Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • CСС,
  • Минимум 5 години работно искуство во струката,
  • Добри комуникациски вештини, доверливост и високо ниво на самодоверба,
  • Систематичност, организираност, иницијативност, аналитичност, објективност,
  • Основно познавање на работа со MS Office и одлично познавање на работа во царински системи,
  • Основно познавање на англискиот јазик (усно и писмено).

 

Одговорности и работни задачи:

  • Подготвува и изработува царински декларации (за сите царински постапки),
  • Обезбедува информации и документи за извршување на царинските постапки,
  • Врши правилно распоредување на стоките во согласност со Царинската Тарифа,
  • Врши комплетна обработка на предметите, од предавање на Царина, преглед на стоките, раздолжување на декларациите, до и по завршување на постапката на царинење,
  • Контактира со клиентите околу оперативните работи при царинењето, реализација и документација, плаќање царински давачки  и друго,
  •  Изработува и процесира разни барања, молби, промени на податоци, непотполни податоци, запазување рокови итн.,
  •  Процесира Барања и Дозволи во електронскиот систем на дозволи ЕКСИМ,
  •  Контактира со останатите оддели, клиенти, царински и инспекциски органи, превозници околу Ги информира клиентите и останатите оддели (транспорт, логистика, продажба) за пристигнување и царинско процесирање на стоките,
  • Одгoворен е за правилна употреба на документацијата со компаниски  информации и обележја,
  • Одговорен е за коректна и легална употреба на опремата и уредите во сопственост на фирмата,
  • Ги следи промените во прописите, законите, постапките од царинското работење,
  • Проследува налози за фактурирање за извршените работи,
  • Работи и други работи во делокругот на работењето на фирмата, по налог на претпоставените.

 

Бенефиции:

  • Одлични услови за работа во современо опремен царински склад согласно сите стандарди,
  • Основна нето плата од 30.000, зависно од искуството,
  • Неделното работно време е 40 часа.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на email: kariera@motivi.mk, со назнака: “Оглас за шпедитер“.

Огласот е активен до 31.10.2017 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »