Соработник за контролинг

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување за својот клиент Ерак Груп објавува оглас за:

 

СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛИНГ

 

Ерак Груп е бренд кој постои на пазарот повеќе од десет години и кој преку своите препознатливи компании нуди високо професионални услуги од областа на организиран превоз на патници, туристички и тур-операторски услуги и продажба на авиобилети.

Соработува со познати интернационални компании со седиште во и надвор од Република Северна Македонија

Поради зголемување на обемот на работата, компанијата има потреба од нови вработени кои сакаат да работат и да напредуваат

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО (работни задачи, функции и одговорности)

  • Проверка на влезни фактури
  • Комуникација со коминтенти за корекција на фактури
  • Запазување на строги рокови за прием и проверка на влезни фактури
  • Пресметка на износи за фактурирање

ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ (познавање на процедури, специфични барања на работата)

  • Минимум завршено средно образование
  • Работно искуство од најмалку 2 години во областа на административно работење или сметководство и ревизија
  • Одлично познавање на Excel (користење формули, дизајнирање и менување на табели)
  • Одлични организациски способности
  • Аналитичка способност за идентификување на грешки
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
  • Извршување на оперативни задачи поврзани со контролингот и трошковните анализи, по налог од претпоставено лице
  • Владеење на англиски јазик, усно и писмено

УСЛОВИ:

  • Одлични услови и пријатна работна атмосфер
  • Модерни канцеларии; локација: Тафталиџе
  • Работно време: 09:00-17:00 (пон-пет)

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛИНГ или со порака на Viber: +389 78 479 313

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Вашата професионална биографија ќе биде задржана во нашата база на кандидати за идни соодветни позиции.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »