Мотиви лого

Раководител на оддел за продажба

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Мотиви:

Домашен/а помошник/чка

ПАВ МОТИВИ објавува оглас за потребите на свој клиент, најголемата приватна поштенска компанија во С. Македонија со над 10 години професионално искуство. Компанијата располага со 34 канцеларии, над 300 вработени, голем возен парк, ГПС опрема, модерен магацински простор и професионален центар за грижа за корисници.

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ПРОДАЖБА 

Задолженија/Обврски:

  • Развива и имплементира стратешки план за достигнување на поставените цели за продажба и зголемување на базата на клиенти на компанијата
  • Гради и одржува блиски, долгорочни односи со клиентите
  • Партнерски однос со клиентите со цел за подобро разбирање на деловните потреби и цели на клиентот
  • Предлага нови услуги кои треба да бидат понудени на клиентите со цел да се прошири бизнисот врз основа на анализа на пазарот
  • Ги разбира трендовите кои се специфични за индустријата, ги набљудува локалните и национални трендови на пазарот
  • Составува редовни извештаи за продажба
  • Ја одредува и прилагодува продажната цена преку следење на трошоците и конкуренцијата
  • Ги менаџира менаџерите за продажба, ги обучува и поставува цели
  • Блиску соработува со колегите во однос на маркетинг стратегии
  • Идентификува и стратешки ги решава проблемите на клиентите
  • Соработува со другите оддели, особено со Одделот со грижа за корисници и Оператива со цел да се овозможи највисоко ниво на задоволеност кај клиентите
  • Соработува со тимовите од Одделите за продажба, грижа за корисници и оператива со цел за имплементирање на стратегијата за достигнување на таргетираната продажба
  • Го следи квалитетот на маркетинг и продажба
  • Подготвува прогнози и извештаи за менаџментот кои ќе се користат за организациско планирање, финансиски прогнози, поставување на буџет и стратешко планирање
  • Раководење со бази на податоци
  • Го надгледува дневниот работен тек на Одделот за продажба
  • Дава редовни извештаи и подготвува анализи

Потребни вештини/способности:

  • Одлични говорни и пишани комуникациски вештини
  • Претходно искуство како раководител на продажба, менаџер за продажба или директор за продажба и маркетинг
  • Докажана способност да раководи со процесот на продажба од планирање до склучување на продажбата
  • Докажана способност да ги пренесе посебните аспекти на производите и услугите
  • Докажана способност да ги позиционира производите наспрема конкуренцијата
  • Широко познавање на принципите и праските на продажба и способност да обучува други
  • Разбирање за влијанието на продажната иницијатива на операциите 
  • Одлични вештини на слушање, преговарање и презентација
  • Лидерски вештини за менаџирање на сите менаџери за продажба
  • Способност за менаџирање на повеќе проекти и работа со кратки рокови
  • Силни вештини за работа со Excel, Word и PowerPoint
  • Способност за анализирање на податоци за изнаоѓање на трендови и проблеми
  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик

Образование и искуство:

  • Потребни се завршени додипломски студии по деловна администрација или други поврзани полиња; се преферира завршени постдипломски студии
  • Најмалку 5 до 10 години релевантно искуство

Надомест за работната позиција:

  • Месечна плата почнувајќи од 60.000 нето, плус можност за бонуси во висина до 10 пати од висината на месечната плата

Вашата биографија испратете ја на kariera@motivi.mk со назнака РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ПРОДАЖБА.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »