Мотиви лого

Тапетар на мебел

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување за потребите на свој клиент објавува оглас за:

ТАПЕТАР НА МЕБЕЛ

📌 Локација: Визбегово
📌 Работно време: Прва смена, понеделник – петок
📌 Плата: 36.000 – 40.000 денари
📌 Тип на ангажман: Полно работно време

Опис на работната позиција

Компанија во областа на мебелската индустрија бара Тапетар на мебел. Работата опфаќа тапацирaње и монтажа на мебел, вклучувајќи софи, фотелји, лежаи и столчиња.

Основни задачи и одговорности:

Тапацирање на различни видови мебел
Монтажа на мебел, вклучувајќи поставување ногарки и други елементи
Завршна обработка – затворање со ретекс и подготовка за контрола
Работа во тим и почитување на зададените стандарди за квалитет

Потребни квалификации и вештини:

🔹 Претходно искуство во тапацирaње и монтажа на мебел е пожелно, но не е задолжително
🔹 Способност за прецизна и внимателна работа
🔹 Подготвеност за тимска работа и следење на инструкции
🔹 Брзина и ефикасност во извршување на работните задачи

Што нудиме?

💰 Стабилна плата:
📅 Работа во прва смена, без работа за викенди
🏡 Стабилно работно место во успешна компанија
📈 Можност за напредок и усовршување во занаетот

Доколку сте заинтересирани, испратете ваша биографија на kariera@motivi.mk со назнака ТАПЕТАР НА МЕБЕЛ или контактирајте нè на +389 78 479 313

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција и регрутација во склад со законот за заштита на лични податоци.

* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »