Менаџер за логистика

  • Објавен пред 3 дена
  • Мотиви
  • Активен до 21.12.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

МОТИВИ за нивен клиент, високо квалитетна, професионална и динамична компанија лоцирана во Скопје и Тетово, Македонија, која врши услуги во логистиката и транспортот на добра во Македонија, Турција и во ЕУ земји, поради проширување на работниот тим во Тетово, бара кадар со завршено образование во областа на шпедицијата,транспортот и економијата.

    Работни Задачи

  • Следење на нарачки во системот,подготовка на извештаи.
  • Телефонски и емаил контакти со внатрешни и надворешни логистички партнери.
  • Координирање на процесот на транспорт на добра.
  • Водење на комплетна документација, следење, отварање и затвaрање на транспортни налози.
  • Организирање и праќање на добра во меѓународниот транспорт.
  • Фактурирање на услуги.
  • Активно учество во наплатите.

   Потребни квалификации

  • Минумум 1 година работно искуство во организирање на меѓународниот транспорт.
  • Одлично познавање на англискиот јазик (пишување и вербална комуникација). Познавањето на турски јазик ќе се смета за предност.
  • Искуство во логистиката, бизнис администрација, услуга на клиенти.
  • Аналитички способности и одлично познавање на Еxcel.
  • Способност за мулти таскинг и работа под притисок.
  • Одговорност кон работните задачи, динамичност и енергичност.
  • Спремност за усовршување и стекнување на нови знаења.

Ги молиме сите заинтересирани кандидати да аплицираат по електронска пошта на: kariera@motivi.mk. Оваа објава ќе истече на 21.12.2018 година.

Ве известуваме дека само кандидатите кои се избрани за интервју, ќе бидат контактирани.

Try the services of MOTIVI Group and KARIERA.mk for your own success!

Entrust your career to true professionals, upload your CV to KARIERA.mk.

КЛИКНИ