Промовирани огласи »

ПАВ МОТИВИ работи во партнерство со своите клиенти и комбинација на доверливи високо квалификувани кандидати со кои преку специјални извори се обидува да испорача одлични работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени позиции. Нивните мисли се насочени како најдобро да ги услужат клиентите и кандидатите, што навистина тие сакаат и како тоа најефикасно да го спроведат. Резултатот го докажуваме вклучувајќи ја најновата технологија, истакнувајќи ги старомодните односи и прилагодувајќи се на потребите на пазарот.МОТИВИ е лиценцирана агенција која поседува Лиценца А (највисок ранг на лиценца) за посредување при вработување и привремени вработувања во земјава но и надвор од неа, издадена од Министерството за труд и социјална политика. 

Мотиви во моментов за потребите на своите клиенти, е во потрага по:

ПОМОШНИЦИ ВО САЛОНИТЕ НА А1 МАКЕДОНИЈА -​ КИЧЕВО

ПОМОШНИЦИ ВО САЛОНИТЕ НА А1 МАКЕДОНИЈА -​ СКОПЈЕ 

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ 

ОФИС МЕНАЏЕР 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ (ТУРСКИ ЈАЗИК) 

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ЕAST GATE MALL

Промовирани огласи »

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епиде*иолошката состојба во земјата, апелираат од СОНК.

Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај заразата, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК.

Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од заразата. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.

Промовирани огласи »

Основачот на брзорастечката осигурителната компанија „Deutsche Familienversicherunga“ (Германско семејно осигурување), Стефан Кнол смислил досега незамислив начин за привлекување потенцијални работници.

Тој им нуди 500 евра на кандидатите чии биографии ги издвојува доколку дојдат на првото интервју за работа. Преминот во вториот круг интервјуа носи уште 1.000 евра, а успешното завршување на шестмесечниот пробен период компанијата на Кнол го наградува со дури 5.000 евра.

Посебно е тешко да се најде некој со ИТ вештини. Се натпреваруваме со гиганти кои лесно можат да вработат стотици професионалци од целиот свет. Сепак, не сме заинтересирани за вработени, на пример, од Индија, туку сакаме луѓе од овде, Франкфурт, вели Кнол.

Неговиот необичен пристап кон вработувањето покажува колку недостига работна сила во Германија, но и во остатокот од Европа.

Промовирани огласи »

Со новиот закон кој стапи на сали од 1 декември 2021, државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра со поскапувањето на пластичните кеси во трговијата на 15 денари.

Наедно за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако на сила стапи новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Министерот за животна средина Насер Нуредини е задоволен од резултатите. Вели дека се одлични и дека граѓаните сè повеќе пазарат со торби.

Во декември, од продажбата на пластични ќеси се собрани 235.000 евра кои одат во еколошкиот фонд. Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства, изјави денеска Нуредини.

Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »