Промовирани огласи »

Основачот на брзорастечката осигурителната компанија „Deutsche Familienversicherunga“ (Германско семејно осигурување), Стефан Кнол смислил досега незамислив начин за привлекување потенцијални работници.

Тој им нуди 500 евра на кандидатите чии биографии ги издвојува доколку дојдат на првото интервју за работа. Преминот во вториот круг интервјуа носи уште 1.000 евра, а успешното завршување на шестмесечниот пробен период компанијата на Кнол го наградува со дури 5.000 евра.

Посебно е тешко да се најде некој со ИТ вештини. Се натпреваруваме со гиганти кои лесно можат да вработат стотици професионалци од целиот свет. Сепак, не сме заинтересирани за вработени, на пример, од Индија, туку сакаме луѓе од овде, Франкфурт, вели Кнол.

Неговиот необичен пристап кон вработувањето покажува колку недостига работна сила во Германија, но и во остатокот од Европа.

Промовирани огласи »

Со новиот закон кој стапи на сали од 1 декември 2021, државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра со поскапувањето на пластичните кеси во трговијата на 15 денари.

Наедно за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако на сила стапи новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Министерот за животна средина Насер Нуредини е задоволен од резултатите. Вели дека се одлични и дека граѓаните сè повеќе пазарат со торби.

Во декември, од продажбата на пластични ќеси се собрани 235.000 евра кои одат во еколошкиот фонд. Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства, изјави денеска Нуредини.

Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање. 

Промовирани огласи »

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома.

Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.

Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката.

Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на здравствена криза. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули.

Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пан*емијата, според која мерките треба да се спроведуваат земајќи го предвид индивидуалниот статус, а не ситуацијата со заразата на регионално ниво.

„Ова значи дека имунизацијата на патникот, тестирањето или закрепнувањето, потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ, треба да биде клучна одредница“, се вели на официјалната веб-страница на Советот на ЕУ.

Во објавата се посочува дека пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари, од кога рокот на важност на сертификатот ќе биде ограничен на 270 дена.

На веб-страницата на Советот е наведено дека важечкиот дигитален сертификат вклучува потврда за имунизација, негативен резултат од ПЦР-тест или прележана болест.

Што се однесува до потврдата за имунизација, се наведува дека тоа е документ за примена доза одобрена на европско ниво, доколку поминале најмалку 14 дена и не повеќе од 270 дена од последната доза од примарната серија на имунизација или ако лицето добило бустер доза.

„Земјите членки, исто така, би можеле да прифатат сертификати за имунизација со дози одобрени од националните власти или СЗО“, се вели во препораките на Советот.

Вториот документ е негативен резултат од ПЦР-тест добиен не повеќе од 72 часа пред патувањето или негативен брз антигенски тест добиен не повеќе од 24 часа пред патувањето, а третиот е потврда за закрепнување што покажува дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен резултат од тестот.

Од лицата кои немаат дигитален ЕУ сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Децата под 12-годишна возраст, како и прекуграничните работници, се изземени од ова правило.Како што беше најавено, ЕУ ќе продолжи да ја проценува состојбата во регионите, а т.н. механизам на итна сопирачка е задржан во случај на појава на нови варијанти или зголемена загриженост за ширење на болеста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »