Промовирани огласи »

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пан*емијата, според која мерките треба да се спроведуваат земајќи го предвид индивидуалниот статус, а не ситуацијата со заразата на регионално ниво.

„Ова значи дека имунизацијата на патникот, тестирањето или закрепнувањето, потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ, треба да биде клучна одредница“, се вели на официјалната веб-страница на Советот на ЕУ.

Во објавата се посочува дека пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари, од кога рокот на важност на сертификатот ќе биде ограничен на 270 дена.

На веб-страницата на Советот е наведено дека важечкиот дигитален сертификат вклучува потврда за имунизација, негативен резултат од ПЦР-тест или прележана болест.

Што се однесува до потврдата за имунизација, се наведува дека тоа е документ за примена доза одобрена на европско ниво, доколку поминале најмалку 14 дена и не повеќе од 270 дена од последната доза од примарната серија на имунизација или ако лицето добило бустер доза.

„Земјите членки, исто така, би можеле да прифатат сертификати за имунизација со дози одобрени од националните власти или СЗО“, се вели во препораките на Советот.

Вториот документ е негативен резултат од ПЦР-тест добиен не повеќе од 72 часа пред патувањето или негативен брз антигенски тест добиен не повеќе од 24 часа пред патувањето, а третиот е потврда за закрепнување што покажува дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен резултат од тестот.

Од лицата кои немаат дигитален ЕУ сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Децата под 12-годишна возраст, како и прекуграничните работници, се изземени од ова правило.Како што беше најавено, ЕУ ќе продолжи да ја проценува состојбата во регионите, а т.н. механизам на итна сопирачка е задржан во случај на појава на нови варијанти или зголемена загриженост за ширење на болеста.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk разговараше со Бомбакис лик кој нема кој не го познава од социјалните медиуми, а од неодамна и автор на книгата ,,Живот''. Погледнете го краткото видео и дознајте повеќе за Бомбакис, кој е тој, каков е неговиот став за моменталните случувања во нашата држава особено околу работните места, вработувањата и процесот на барање на работа и дознајте повеќе за неговата нова книга со наслов ,,Живот'' .

Исто така тука https://www.instagram.com/bombakis/ може да го погледнете неговиот профил на кој може да најдете интересни пораки повразни со секојдневието во нашата држава.  

 

Промовирани огласи »

Во тек е OUTLET акција во сите Нептун продавници, голема РАСПРОДАЖБА на производи од сите категории за големи заштеди! #АЈДЕ до 31ви јануари во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете производ за вас: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Уживајте во овие OUTLET Денови во Нептун!

Промовирани огласи »

Основачот на „Амазон“ е најголемиот инвеститор во неодамна формираната биотехнолошка компанија „Алтос Лабс“, со седиште во САД.

Ги собра најдобрите светски научници, кои ќе работат на подмладување на клетките. Досега во истражување се инвестирани три милијарди долари.

Основачот на Амзон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос (58) планира да живее вечно.

Тој е најголемиот инвеститор во неодамна основаната биотехнолошка компанија Алтос Лабс, која ги собра некои од најдобрите светски научници за да најдат магична формула за вечна младост.

Безос, чие богатство се проценува на 182,2 милијарди долари, и други помали инвеститори, вклучително и руско – израелскиот тајкун Јури Милнер (60), „тежок“ 4,8 милијарди долари, вложија 3 милијарди долари во Алтос.

Дополнително, беше собран тим од врвни научници, меѓу кои и добитничката на Нобеловата награда Шина Јаманака од Јапонија, чија специјалност се матични клетки, и контроверзниот шпански биохемичар Хуан Карлос Исписуа Белмонте, познат по успешното развивање на ембриони од мешавина на клетка на мајмуни и луѓе.

Според американските медиуми, компанијата ќе се фокусира на „програмирање на клетките“, техника која се покажала ефикасна за подмладување на клетките во лабораторија, а некои дури веруваат дека може да помогне во искоренувањето на некои болести, како што се ракот и Алцхајмеровата болест.

Тоа е техника која работи со додавање на протеин во клетката што практично и дава инструкции да се врати на ниво слично на матичните клетки.

Двете лаборатории на Алтос ќе бидат лоцирани во САД – во Силиконската долина и Сан Диего, а една во Британија – во Кембриџ.

Главниот научник и основач на Altos, Рик Клауснер, вели дека компанијата има за цел да го отвори патот за програмирано подмладување на клетките и на тој начин да обезбеди сосема нов пристап во медицината.

Вонредните достигнувања во последните неколку години почнаа да му даваат приоритет на здравјето на клетките и механизмите зад него. Ова, заедно со ефикасно и безбедно репрограмирање на клетките и ткивата преку нивно подмладување, ни дава нова перспектива за медицината на иднината – рече Клауснер.

Светската јавност не беше воодушевена од веста за отворањето на лабораторијата на Безос.

Така, шпанскиот „Ел Паис“ пишува дека богаташите наместо да си вбризгаат ботокс, вбризгувале милиони долари во „Алтос лаб“ бидејќи смртта ја гледаат како болест која треба да се излечи.

Штета што иницијатор на сето ова се парите, а не науката. Ако ги прашате обичните граѓани, тие се загрижени за ракот, менталните болести, сидата, мултиплекс склероза, цистичната фиброза, па дури и коронавирусот, а не за стареењето. Сепак, немаат пари како Безос, па не можат да одлучат во кој правец ќе оди науката. Безос знае дека науката веќе успеала да ги подмлади глувците во лабораторијата, што му дало надеж дека ќе може да биде млад засекогаш – наведува „Ел Паис“.

Тестови врз луѓе

Американските медиуми се загрижени и за тоа што би можело да излезе од лабораторијата на Безос.

Младите сонуваат да бидат богати, а оние кои се богати да бидат млади. Затоа милијардерите пумпаат пари во индустрија која ќе може да го запре процесот на стареење и да ја врати младоста. Сепак, никој не знае што може да се роди во таа лабораторија. Знаејќи дека во тимот се и некои од контроверзните научници, не е исклучено „Алтос“ да стане место за тајно истражување на луѓе – пишуваат американските медиуми.

Индустрија вредна 420 милијарди долари

Светските експерти велат дека индустријата која се занимава со пронаоѓање на формулата за бесмртност и вечна младост ќе процвета во наредните години.

Според некои проценки, во 2030 година ќе вреди 420 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »