Промовирани огласи »

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома.

Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.

Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката.

Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на здравствена криза. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули.

Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пан*емијата, според која мерките треба да се спроведуваат земајќи го предвид индивидуалниот статус, а не ситуацијата со заразата на регионално ниво.

„Ова значи дека имунизацијата на патникот, тестирањето или закрепнувањето, потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ, треба да биде клучна одредница“, се вели на официјалната веб-страница на Советот на ЕУ.

Во објавата се посочува дека пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари, од кога рокот на важност на сертификатот ќе биде ограничен на 270 дена.

На веб-страницата на Советот е наведено дека важечкиот дигитален сертификат вклучува потврда за имунизација, негативен резултат од ПЦР-тест или прележана болест.

Што се однесува до потврдата за имунизација, се наведува дека тоа е документ за примена доза одобрена на европско ниво, доколку поминале најмалку 14 дена и не повеќе од 270 дена од последната доза од примарната серија на имунизација или ако лицето добило бустер доза.

„Земјите членки, исто така, би можеле да прифатат сертификати за имунизација со дози одобрени од националните власти или СЗО“, се вели во препораките на Советот.

Вториот документ е негативен резултат од ПЦР-тест добиен не повеќе од 72 часа пред патувањето или негативен брз антигенски тест добиен не повеќе од 24 часа пред патувањето, а третиот е потврда за закрепнување што покажува дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен резултат од тестот.

Од лицата кои немаат дигитален ЕУ сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Децата под 12-годишна возраст, како и прекуграничните работници, се изземени од ова правило.Како што беше најавено, ЕУ ќе продолжи да ја проценува состојбата во регионите, а т.н. механизам на итна сопирачка е задржан во случај на појава на нови варијанти или зголемена загриженост за ширење на болеста.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk разговараше со Бомбакис лик кој нема кој не го познава од социјалните медиуми, а од неодамна и автор на книгата ,,Живот''. Погледнете го краткото видео и дознајте повеќе за Бомбакис, кој е тој, каков е неговиот став за моменталните случувања во нашата држава особено околу работните места, вработувањата и процесот на барање на работа и дознајте повеќе за неговата нова книга со наслов ,,Живот'' .

Исто така тука https://www.instagram.com/bombakis/ може да го погледнете неговиот профил на кој може да најдете интересни пораки повразни со секојдневието во нашата држава.  

 

Промовирани огласи »

Во тек е OUTLET акција во сите Нептун продавници, голема РАСПРОДАЖБА на производи од сите категории за големи заштеди! #АЈДЕ до 31ви јануари во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете производ за вас: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Уживајте во овие OUTLET Денови во Нептун!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »