МОТИВИ Вработување за потребите на свој клиент, објавува оглас за:
СМЕТКОВОДИТЕЛ во домашна реномирана компанија!
Очекувана најмала плата - 800 Еур Нето, зависно од искуството, ќе се преговара и за повисок износ
Улога во тимот:
• Kнижење на финансиската и материјална документација
• Пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок
• Пресметка на плати
• Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи
• Уредно водење на документацијата во согласност сметководствените стандарди
• Комуникација со сите релевантни државни институции
Потребни квалификации и компетенции:
• Универзитетска диплома од Економски факултет
• Уверение за овластен сметководител
• Работно искуство од 10 години во професионална средина
• Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено
• Одлично познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини
• Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
• Демонстрирање на цврста работна етика
• Способност за филтрирање информации и проценка на приоритети
• Одржување на добри работни односи со владините институции и агенции
• Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
• Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
• Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на копчето за брза апликација или со испраќање на CV на kariera@motivi.mk со назнака СМЕТКОВОДИТЕЛ.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција и регрутација во склад со законот за заштита на лични податоци.
*Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]