Раководител на маркет - Струмица/Радовиш

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Приватна агенција за вработување Мотиви, за потребите на свој клиент, објавува оглас за:

 

Раководител на маркет - Струмица/Радовиш

 

Потребни квалификации:

  • ВСС/ССС;
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, раководни и лидерски способности, високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност; 
  • Познавање на најчесто користени софтверски решенија - MS Office; 
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

 

Работни задачи: 

  • Одговорен за целокупната стока, состојба и изглед на маркетот (залиха на трговска стока, инвентар, основни средства, ситни пари во каса во износ од утврдениот депозит), средства за одржување на хигена и амбалажа и книговодствената евиденција во продавници;
  • Раководи и го организира, контролира и едуцира персоналот во маркетот;
  • Обезбедува оптимални залихи  на производи;
  • Постојано го одржува чист и уреден маркетот;   
  • Обезбедува љубезен и учтив однос кон сите купувачи и така ги задржува старите и привлекува нови купувачи и постојан раст на прометот;
  • Обезбедува точна документацијата која го прати процесот на проток на стока и продажба;
  • Ги спроведува мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во работењето на маркетот;
  • Ги спроведува информациите и упатствата за работа од централа; 
  • Информира за проблемите на маркетот и ги отстранува согласно овластувањата;
  • Предлага мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста;
  • Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки и постојана комуникација со претпоставениот регионален раководител;
  • Развој на персонал.

 

Што нудиме:

  • Основна плата во договор + бонус кој зависи од успешност во извршувањето на работните задачи;
  • Дополнително се исплаќа за сите изработени прекувремени часови, работа во недела, работа на празник и работа во сабота повеќе од законските прописи;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Регрес и платен одмор согласно Законсите нормативи.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Раководител на Маркет или на полето за брза апликација.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »