Мотиви лого

Регионален Менаџер - Охрид

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Приватна агенција за вработување Мотиви, за потребите на свој клиент, објавува оглас за:

 

Регионален Менаџер - Охрид

 

Потребни квалификации

  • ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг, производство);
  • Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година; Раководни и лидерски способности;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност;
  • Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office;
  • Одлично познавање на Англиски јазик. Втор светски јазик ќе се смета за предност;
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

 

Работни задачи:

  • Раководење, организирање, контролирање и едуцирање на персоналот во своите маркети;
  • Со комуникација и контрола на сите аспекти на работењето на персоналот претставува алка помеѓу централата и маркетите, пренесување на информациите и упатствата од централата и обезбедување нивна примена. И обратно, информирање за проблемите на маркетите и отстранување согласно овластувањата;
  • Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки директно во маркетите. За секоја неделна посета на маркет изготвува детален извештај. До 5ти секој месец изготвува месечен извештај за секој маркет;
  • Обезбедување примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата;
  • Менаџирање и оптимирање на процесите за проток и продажба на стока во маркетите;
  • Спроведување на мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во маркетите;
  • Предлагање на мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: kariera@motivi.mk со назнака  Регионален Менаџер или на полето за брза апликација.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »