
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви за потребите на клиент бара:
За маркет во Драчево
1. Раководител во маркет
2. Заменик Раководител во маркет
Вработениот ќе биде дел од прекрасна работна атмосфера и фирма која ги цени и почитува нејзините вработени.
Опис на работната позиција:
Раководителот и Заменик Раководителот ќе имаат:
- Одговорност кон целиот маркет, односно раководење, мотивирање и инспирирање на тимот,
- Организирање и координирање на вработените,
- Контролирање за навремено завршување на дадените задачи,
- Предлагање брзи и ефикасни решенија за можните проблеми,
- Грижа за потрошувачите итн.
Главни обврски и одговорности:
- Отворање/затворање на маркетот,
- Подготовка и задолжување на персоналот со депозит,
- Подготвување, контрола и предавање на прометот на овластеното лице,
- Внесување на дневен извештај во финансиска книга за извештаи,
- Одржување на состаноци со вработените за соопштување на дневниот план за работа и делегирање на обврските на вработените.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС,
- Минимум 2 години работно искуство – пожелно во маркет,
- Претходно работно искуство со менаџирање на работници ќе се смета за предност,
- Подготвеност за работа во тим,
- Желба за работа во динамична средина,
- Желба за работа во смени,
- Одлично познавање на компјутер (Word, Excel, …),
- Одлично познавање од македонски јазик, познавање на албански се смета како предност.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Своите апликации испратете ги на следниот е - меил: kariera@motivi.mk
Слични огласи »