Работник во производство

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

Приватна Агенција за Вработување МОТИВИ за својoт клиент, компанија со многу годишно искуство која нуди сервисирање, одржување на уреди за климатизација и  опрема за вентилација бара: Работник во производство 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршено основно или средно школо – машинска или електротехничка струка ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во фабрика или работа на терен со рачен, пневматски или електричен алат е предуслов за пријавување
  • Познавање техника за заварување бакарни, алуминиумски и челични цевки ќе се смета за предност
  • Познавање техничка документација, читање технички цртежи и машински склопни цртежи и документација
  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон опремата и одговорност кон работата ​За следниве работни задачи
  • Работа со рачен, пневматски и електричен алат при склопување на уреди и опрема
  • Исполнување дневни, месечни и годишни планови за работа
  • Познавање на машинска техничка документација и читање технички цртежи за склопување
  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок
  • Примена на современи техники во работењето
  • Прецизно и внимателно ракување со алат, опрема и делови
  • Запазување на правилата за безбедноста и заштита при работа, одржување на дисциплина

На вработените им нудиме:

  • Редовни месечни примања
  • Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
  • Работа во фабрика, климатизиран објект
  • Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
  • Дефинирани дати за годишен одмор
  • Награди за посветено извршување на работните задачи
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Услови за работа:

  • Се работи 1 смена од 7:30 - 15:30
    ПЛАТА: од 20.000 до 27.000 денари зависност од искуството

Вашата биографија испратете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Работник во производство 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »