
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување, за својот клиен TAV Macedonia, објавува оглас за:
СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГ
Работни задачи:
- Реализација на сите работи поврзани со непречено функционирање на паркингот
- Постојано следење на состојбата на паркингот и на паркинг опремата, и реакција во случај на застој или прекинг на работата на дел од опремата
- Редовно следење на состојбата на рампите и автоматските наплатни терминали
- Редовно надополнување на влезни билети во рампите и по потреба ролни хартија во наплатните терминали
- Следење на состојбата со банкноти и монети во наплатните терминали, и редовно надополнување
- Комуникација со Електрософт и претпоставените во случај на проблем
- Пријавување на сите дефекти на претпосатавениот и на Дежурниот Менаџер
- Изработка на дневни финансиски и статистички извештаи за паркингот
- Реализација на инстант интервенции (рачно и / или автоматски) на паркинг систем.
- Извршување наплата на корисници на услугите на паркинг во случај кога не може да се наплати на наплатните терминали
- Затварање на смена, пребројување на дневен промет и предавање на сменскиот Благајник
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Познавање на англиски јазик (задолжително)
- Позитивен став кон работа на различни задачи
- Подготвеност за работа во три смени.
РАБОТНИ УСЛОВИ (за сите позиции)
- Флексибилно работно време и работа во 3 смени
- Обезбеден организиран превоз
- Обезбеден топол оброк
- Основна дневница: 1.100 денари
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mк (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Слични огласи »