
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »ПАВ МОТИВИ за нивен клиент странска компанија за производство во Бунарџик бара:
Оператор за финална доработка на готов производ (м/ж)
Главни задачи и одговорности:
- Производство на автомобилски делови во количина и квалитет, согласно работните инструкции
- Редовна контрола при производство на производот согласно описот на работно место и спецификацијата на производот
- Прво ниво на одржување на линијата
- Пополнување на документи за следење и контрола на процесот на производство, врзани за работното место
- Почитување и имплементација на правилата за безбедност при работа
- Почитување и имплементација на правилата кои се однесуваат на селективно отстранување на отпадот
- Почитување и имплементација на правилата и политиката на компанијата
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Основно познавање на Англиски јазик и компјутери
- Препорачливо работа во производна фабрика
- Способност за самостојна и тимска работа
- Прецизност и работливост
Ние ви нудиме:
- Можност за работа во глобална организација
- Личен раст и кариерен развој
- Постојано учење
- Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
- Организиран транспорт и храна за вработените
- Социјални активности и програми
- Работно време: во три смени
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) до kariera@motivi.mk во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Останати огласи »