Возач - Заловувач

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

ПАВ Мотиви, за потребите на свој клиент, има потреба од работник на следната работна позиција:

ВОЗАЧ-ЗАЛОВУВАЧ

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Возачка дозвола со најмалку Б-категорија.

Работни цели:

  • Заловување и транспорт на уличните животни до прифатилиштето за бездомни животни.

Работни задачи:

  • врши заловување на улични животни, по извршената контрола на подрачјето на Градот Скопје или по повик од граѓани;
  • врши транспорт на заловените улични животни до прифатилиштето за бездомни или нерегистрирани животни;
  • врши транспорт на уличните животни од прифатилиштето до местото од каде што е заловено животното;
  • одговорен е за користењето на пропишаната опрема за лична заштита и за почитувањето на инструкциите од раководителот во согласност со прописите за безбедност и здравје при работа;
  • се грижи за редовното одржување на хигиената во возилото;
  • врши други работи што ќе му ги довери раководителот на Одделението за третман на уличните животни од делокругот на работење на одделението, согласно неговите работни компетенции.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Основната плата за горенаведените работни места изнесува 32.310 денари.

Работата во смени и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »