Мотиви лого

Сметководител

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Приватна агенција за вработување Мотиви, за свој клиент: реномирана Компанија за дистрибуција​, објавува оглас за вработување на Овластен Сметководител.

СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка;
  • Ги прима сите документи и врши контрола и уплата на дневен промет, навремено плаќање на царинските давачки, навремено плаќање на обврските кон странство и обврските во земјата како и нивна сметководствена обработка;
  • Следење и наплата на побарувањата од сите правни и физички лица за купопродажба на стоки или услуги- сервисирање како и контрола на имплементацијата на купопродажните договори;
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор и финансовиот директор;
  • Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување;
  • Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
  • Навремено обезбедување на сите документи за учество на тендери согласно законот за Јавни набавки;
  • Соработува со другите членови на менаџерскиот тим со цел зголемување на профитабилноста и квалитетот на работењето;
  • Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и финансовиот директор во рамки на сметководството и финансиите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Диплома за завршен Економски факултет;
  • Уверение за овластен сметководител;
  • Минимум 5 години работно искуство;
  • Познавање и користење на англиски јазик, се смета за преднос;
  • Одлично познавање и работа со Excel;
  • Солидно познавање и работа со сметководствени програми.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Умешност да се работи со голем број информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до:07/05/2020.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »