Мотиви лого

Раководител на оддел сметководство

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

МОТИВИ Вработување за потребите на свој клиент, реномирана компанија која повеќе од 30 години се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка, објавува оглас за:

 

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ СМЕТКОВОДСТВО

 

Клучни одговорности:

• Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото,

• Контрола на книжење на финансиска и материјална документација,

• Изготвување на завршни годишни сметки и консолидација,

• Пресметка на ДДВ и данок на добивка,

• Плаќање на налози,

• Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,

• Подготовка на финансиски извештаи,

• Уредно водење на документација во согласност со имплементирани стандарди за квалитет во компанијата,

• Комуникација со сите релевантни државни институции,

• Извршување на редовни административни активности во домен на сметководство,

• Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива. 

 

Потребни квалификации, способности и вештини:

• Минимум завршено високо образование - Економски факултет,

• Поседување на лиценца за овластен сметководител,

• Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, особено MS Excel),

• Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,

• Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,

• Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,

• Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера, 

• Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,

• Способност за работа под притисок и кратки рокови,

• Способност за тимска и индивидуална работа,

• Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,

• Поседување на висок интегритет и лојалност,

• Иницијативност, посветеност и амбициозност,

• Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,

• Позитивен однос кон промени.

Потребно искуство:

• Минимум 3 години претходно работно искуство на иста позиција.

 Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на копчето за брза апликација или со испраќање на CV на kariera@motivi.mk со назнака РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ СМЕТКОВОДСТВО.

 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција и регрутација во склад со законот за заштита на лични податоци.

 

*Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »