Промовирани огласи »

Најновата извршна директорка на Тиндер се збогува од работа по помалку од една година, што ја означува втората жена извршен директор што ја напуштила својата матична компанија Match Group за неколку месеци.

Извршната директорка Рената Ниборг на апликацијата за запознавање и социјализирање Тиндер, најави заминување по помалку од една година работа откако компанијата објави разочарувачки резултати во вториот квартал.

Извршниот директор на Match Group, Бернард Ким во вторникот го објави заминувањето на извршната директорка во кое се наведени неговите набљудувања и ревизии од 62 дена на работа.

„Нашата цел е да ги инспирираме нашите брендови да оптимизираат сè што правиме и да ги изградиме најдобрите тимови внатрешно за да ги испорачаме најдобрите услуги надворешно“ напиша Ким, јасно посочувајќи дека Тиндер потфрлил во извршувањето на нивните услуги.

Промовирани огласи »

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре поради закажани технички зафати во системот на електрична енергија без напојување со електрична енергија  ќе бидат следните корисници:

  •  Во период од 10:30 до 13:00 часот  дел од ул. Струшка. (општина Карпош)
  • Во период од 08:30 до 14:30ч дел од ул. дел од ул.Блажо Орландиќ (парни од бр.8 нагоре). (Aеродром)
  • Во период од 08:00 до 15:00ч дел од ул. Орце Николов. (општина Центар)
  • Во период од 09:00 до 14:00ч корисниците од с.Буковиќ, Раовиќ, Ласкарци, Паничари.(општина Сарај)
  • Во период од 09:00 до 12:00ч дел од ул.2, с.Долно Количани (општина Студеничани)
  • Во период од 08:00 до 10:00ч корисниците на бул.Александар Македонски.(општина Гази Баба)
  • Во период од 08:30 до 14:30ч корисниците  Рудопроект, Каменолом Вардар Градба, Викендици Јаболци, с.Јаболци, Сателитски Центар Нова Брезница, Нова Брезница, Ловиште Јасен, викендици Држилово, с.Држилово, Карст с.Јаболци, Викендици Патишка Река, с.Патишка Река, ПЦЦ Хидро( општина Сопиште) и корисниците од с.Осинчани, с.Малчиште, с.Елово, с.Црн Врв. (општина Студеничани)
  • Во период од 09:0 до 11:00 часот корисниците УСЈЕ: ул. 4. (општина Кисела Вода)
  • Во период од 09:00 до 12:00 часот корисниците дел од с.Света Петка.(општина Сопиште)
  •  

Промовирани огласи »

Согласно со Законот за празниците на РМ, следен неработен ден е 8 септември (четврток), Ден на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенди.

Продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна бор ба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенди.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ: 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја погреба неодамна починатата поранешна сопруга Ивана на неговиот терен за голф во Њу Џерси, јавуваат американските медиуми, размислувајќи дали тоа го направил заради даночно олеснување.

Нема да верувате, но Доналд Трамп можеби ја закопал Ивана на својот голф за даночно ослободување, гласи насловот на американскиот Vanity Fair.

Тамошните медиуми пишуваат дека, според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштето што се користи за погребување на мртвите е ослободено од плаќање голем број даноци, меѓу другото за недвижен имот, наследство и приход.

Социологот Брук Харингтон од Универзитетот Дартмут, авторка на книга за начините на кои најбогатите избегнуваат да плаќаат даноци, рече дека „на почетокот била скептична во врска со гласините дека Трамп ја закопал својата поранешна сопруга“ поради даночни олеснувања, но дека по истражувањето на Законите Њу Џерси, таа беше убедена дека тие навистина го овозможуваат тоа и дека не одредуваат минимален број на погребани луѓе за да се применат поволностите, пишува Vanity Fair.

Њујорк пост“, таблоиден медиум во сопственост на Руперт Мардок, во неделата објави фотографии од осамен гроб во поле на имотот со мал епитаф: Ивана Трамп, 20 февруари 1949 година – 14 јули 2022 година.

Ивана Трамп почина минатиот месец откако падна по скали, најверојатно откако се онесвести.

Њујорк пост“ уште во 2017 година објави дека Трамп добил дозвола за гробот на Ивана во близина на првата дупка на теренот за голф, како и за повеќе гробови што може да ги купи секој што сака да биде положен таму.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »