Промовирани огласи »

Агенцијата за катастар и недвижности соопшти дека во вториот квартал од годинава има голем пад на цените на становите во сите општини на Македонија. Што се однесува до Скопје, само во Центар е забележан пораст во цената.

Цената на метар квадратен станбен простор во општина Центар бележи раст, па така во првиот квартал од 2017 година изнесувал 45.562 денари, за во вториот квартал од оваа година да изнесува 61.255денари, соопшти Агенцијата за катастар.

Во општина Аеродром во првиот квартал од 2017 година метар квадратен станбен простор изнесувал 51.739денари, за во вториот квартал во 2017 година да изнесува 50.132 денари, што претставува мал пад на цените на становите во оваа општина.

Во општина Карпош има големо намалување на цената на становите, па така ако на почетокот на оваа година за метар квадратен станбен простор во оваа општина се плаќало по 61.163 денари, во вториот квартал од оваа година метар квадратен изнесува 54.671 денари.

Во општина Ѓорче Петров има намалување на цената на метар квадратен станбен простор, па така споредбено со претходниот квартал бележи намалување од 5.753 денари и цената во вториот квартал од оваа година изнесува 42.832 денари. Во Кисела Вода, исто така, има пад на цените на становите, па така во првиот квартал од 2017 година цената изнесувала 54.335 денари, за во вториот квартал од оваа година истата да изнесува 48.900 денари.

Што се однесува до општините надвор од Градот Скопје, пад на цена на станбениот простор има во општина Битола, па така доколку во првиот квартал во 2017 година просечната цена на метар квадратен изнесувала од 41.546 денари, во вториот квартал од 2017 година истата изнесува 30.302 денари, што претставува пад од 11.244 денари. Во Куманово има стабилна цена на становите и истата се движи околу 29.000 денари за метар квадратен. Во општина Охрид има голем пад на цената на становите, па така во првиот квартал од 2017 година цената за метар квадратен изнесувала 45.308 денари, за во вториот квартал од оваа година истата да изнесува 37.324 денари.

„Генерално, можеме да заклучиме дека имаме многу мало зголемување на активностите на пазарот со недвижности во овој квартал по огромното намалување на активностите кое го регистриравме во последниот квартал од 2016 и првиот квартал од 2017 година, кое пред сè се должи на поволните каматни стапки на комерцијалните банки и падот на цените на становите. Исто така, во овој квартал може да се забележи голем пад на цените на продажбите и закупите на становите во голем број општини во Република Македонија“, соопшти Агенцијата за катастар.

Од таму велат дека бројот на новоградби и станови кои се во тек на градба односно понудата на станови на пазарот континуирано расте, со што ја задоволува побарувачката на станови и во моментот има доволна залиха на новоизградени станови доколку побарувачката се зголеми.

Промовирани огласи »

Познатиот магазин „Економист“ во јануари 1988 година предвиде дека за 30 години жителите на САД, Јапонија, Европа и богатите жители на други држави ќе користат единствена валута.

Експертите предвидувале дека националните валути до 2018 година ќе бидат нестабилни, а дека нивното место ќе го заземе некоја нова валута која ќе ја одобрат потрошувачите и компаниите.

Кон крајот на осумдусетите години на минатиот век предвидувањето изгледало прилично чудно, иако веќе тогаш почнало создавањето на монетарните сојузи, додека властите се обидувале да го контролираат системот на размена на курсеви и парични реформи, но нивните напори само ги плашеле пазарите, што довело до „црниот понеделник“ во октомври 1987 година.

По тој крах на пазарот, политичарите одлучиле да ја одложат соработката во сферата на курсеви, но со тоа станало уште појасно дека сите нови обиди ќе бидат неуспешни, се додека земјите не изгубат економски суверенитет.

„Економист“ пишувал дека во валутната зона на новите светски валути економската адаптација ќе се случува автоматски, а недостатокот на валутен ризик ќе ја стимулира трговијата, инвестицијата, и растот на ваботените.

Постоењето на единствена валута ќе донесе ограничување на националните влади, одземајќи им ја парично-кредитната политика, додека управата ќе премине на нова централна банка или ММФ.

Притоа секоја држава која ќе поседува нова валута ќе може да користи даноци и државни расходи за компензација со привремен пад на побарувачка, но за финансирање на својот буџетски дефицит ќе мора да земаат кредит, а не да печатат пари.

Промовирани огласи »

Бојан Јовановски се обиде да ја спушти прашината која неодамна се крена откако јавно ја откри одлуката дека сакал да посвои три деца како самец кои целосно би ги изгледал. Тој во вчерашното гостување на ТВ 24 рече дека поради сите напади кои ги доживеа изминативе денови, ќе ја остави неговата желба за посвојување за некои подобри времиња.

Го чекав ова гостување. Донесов одлука, поради негативната кампања и се што доживеав изминативе денови. Мојата желба за посвојување на три деца ќе ја оставам за некои подобри времиња. Ќе се откажам од својата желба и идеја. Ќе се откажам под еден услов. Ова ми тешко да го зборувам. Ќе се обврзам да бидам финансика поддршка на семејство кое ќе одлучи да посвои деца. Ќе се грижам за тие деца комплетно до 18 години. Ќе се обврзам по 18 години, да партиципирам со неговите родители и во високото образование и вработување, рече Јовановски.

Поранешниот шоумен кој сега се бави со хуманитарни акции исто така посочи дека доколку детето кое ќе биде посвоено а, има пречки во развојот ќе го помогне заедно со семејството.

Промовирани огласи »

На крајот на минатата недела „Samsung Electronics“ го претстави „обновениот“ „Galaxy Note 7“. Како и што се очекуваше, смартфонот е целосна копија на својот претходник. Едвај не единствената особеност од него е името.

Да го објасниме она што се случи со моделот.

Батерија

Првата промена во смартфонот заслужува јасно споменување. Таа е помалата батеријата на обновениот „Galaxy Note Fan Edition“ која е со 10% помал капацитет – 3.200 mAh, споредено со претходникот. На овој начин производителот одлучил да го елиминира ризикот од непредвидени детонации.

Процесор

Иако конфликтните гласини „Samsung“ ги промени со конфигурацијата на „Galaxy Note Fan Edition“, заменувајќи го процесор „Snapdragon 820“ со модел со индекс „821“. Посовремениот чип му обезбедува на смартфонот сериозен раст на продуктивноста, што несомнено ќе привлече нови корисници.

Логотип

Дали го забележавте ова? „Samsung“ всушност се одлучил на нешто што многумина се откажуваа. Таа е елиминација на логото на компанијата од предниот панел на „Galaxy Note Fan Edition“. Конечно смартфонот ќе престане да биде мобилен банер реклама. Сега на истото место има широка празнина, која се прикачува на шармот на уредот.

Натписот „Fan Edition“ е лоциран на задниот дел.

Интерфејс

Новиот „Galaxy Note Fan Edition“ го користи истиот интерфејс, со кој ни беа претставени „Galaxy S8“ и „S8 +“. „Samsung Experience“ – токму така се именува компанискиот интерфејс – тој се разликува од „TouchWiz“ и им нуди на корисниците повисоки перформанси, дизајн пријатен за очите и суперширок сет од функционалности.

Bixby

Гласовниот ассистент „Bixby“, кој до неодамна беше ексклузивна состојка на „Galaxy S8“, исто така ќе биде достапен на сопствениците на овој смартфон. И покрај некои проблеми кои помошникот ги тестира со препознавање на говорот, нема сомневање дека во блиска иднина „Samsung“ ќе го корегира постојните недостатоци и ќе го предложи „Bixby“ на меѓународниот пазар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »