Промовирани огласи »

Со потпишување Договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ и со поставување камен темелник во ТИРЗ Тетово, денеска е означен почетокот на новата инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира прв пат во Република Северна Македонија.

Станува збор за фабрика која е предиведено да се гради на 60 илјади метри квадратни, во која треба да има скоро 900 работни места и инвестиција од 130 милиони евра.

По само 18 месеци ја имаме втората инвестиција над 100 милиони евра. Покажавме дека Северна Македонија повеќе не е земја на евтина работна сила туку на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции. Само од почетокот на годинава имаме постигнато договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра. Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда, истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот.

Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO  во своето обраќање рече дека овој договор е уште една клучна цел во стратегијата за глобален раст на e.GO

Ја нагласува внатрешната вредност на нашата иновативна технологија и пристап. Навистина сме возбудени што ќе го прошириме нашиот производствен отпечаток во Република Северна Македонија, следејќи го нашиот напредок во Бугарија претходно оваа година. Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал, истакна Везваеи.

Министерот за финансии порача дека ваквите глемите инвестиции имаат ефект на снежна топка.

Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции, како странски, така и домашни. Тие креираат нова вредност, го јакнат извозот преку промената на неговата структура кон производи со поголема додадена вредност, креираат нови работни места и влијаат кон забрзување на економската активност и економскиот развој. Нашата определба како Влада е да ги поддржиме и промовираме странските инвеститори кои ќе можат да го обезбедат овој ефект и кои пред сè ќе донесат придобивки за нашите граѓани, домашните фирми и економијата, порача во своето обраќање министерот Бесими.

На настанот се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој говореше за придобивките од инвестицијата која се очекува да донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство.

Промовирани огласи »

Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.

Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.

Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата.

Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.

За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец. Така, нивните трошоци би се намалиле за 1.000 до 2.000 денари или околу 27 отсто помалку.

Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари.

Истото се случува и со фломастерите за кои пред пандемијата оптималната цена била 65 денари, а сега се продаваат по цена од 95 денари. Поскапен е и останатиот училишен прибор.

Од книжарниците велат дека цените зависат од брендот и од квалитетот на материјалите. Може да се најдат и поевтини и поскапи материјали.

Промовирани огласи »

Со потпишување Договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ и со поставување камен темелник во ТИРЗ Тетово, денеска е означен почетокот на новата инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира прв пат во Република Северна Македонија.

Станува збор за фабрика која е предиведено да се гради на 60 илјади метри квадратни, во која треба да има скоро 900 работни места и инвестиција од 130 милиони евра.

По само 18 месеци ја имаме втората инвестиција над 100 милиони евра. Покажавме дека Северна Македонија повеќе не е земја на евтина работна сила туку на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции. Само од почетокот на годинава имаме постигнато договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра. Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда, истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот.

Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO  во своето обраќање рече дека овој договор е уште една клучна цел во стратегијата за глобален раст на e.GO

Ја нагласува внатрешната вредност на нашата иновативна технологија и пристап. Навистина сме возбудени што ќе го прошириме нашиот производствен отпечаток во Република Северна Македонија, следејќи го нашиот напредок во Бугарија претходно оваа година. Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал, истакна Везваеи.

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамстор има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој.

МОМЕНТАЛНО ИМА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ ЗА:

ОДГОВОРЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ НА СВЕЖО МЕСО

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ

ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС, МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - СКОПЈЕ

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ОХРИД

ManpowerGroup е светски иновативен претходник и лидер во полето на вработување преку обезбедување услуги и решенија за управување со работна сила за клиентите.

Моментално има отворен работен оглас за:

BUSINESS DEVELOPMENT MANAGER FOR KOSOVO, ALBANIA AND NORTH MACEDONIA

Виталиа е производствена и трговска компанија за здрава храна со општа намена да го снабдува домашниот и странскиот пазар со нутриционистички производи со одличен квалитет и разумна цена, кои одговараат на денешниот здрав начин на живот.

Моментално има работен оглас за:

ОПЕРАТОРИ

B2 Solution компанија која се занимава со опремување на деловни простори. 

Моментално вработуваат:

МОНТЕР НА МЕБЕЛ

ТЕХНИЧКИ ОРГАНИЗАТОР НА ПОСТ ПРОДАЖБА

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово), е еден од најдолго воспоставените ски - центри во Македонија и еден од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Северна Македонија.

Моментално вработува:

ХАУСМАЈСТОР

Webhelp е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители.

Моментално има отворени работни места за:

KUNDENBETREUER – DEUTSCH

CLIENT ADVISER - GERMAN

Дени Интернатионал со текот на времето прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

Моментално вработува:

ВОЗАЧИ СО Е КАТЕГОРИЈА

ВОЗАЧИ - Ц КАТЕГОРИЈА

ШПЕДИТЕР

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите.

Моментално вработува:

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ (ВО 3 СМЕНИ)

Норна АБ, е шведска врвна компанија за вештачка интелигенција во модната технологија. Нашата компанија рапидно расте и бараме да регрутираме млади луѓе заинтересирани да научат за собирањето податоци и да придонесат во тимот.

Моментално вработува:

DATA COLLECTION SPECIALISTS

SENIOR DATA COLLECTION SPECIALIST

TESTING/SYSTEM OPERATIONS ENGINEER

DEVOPS ENGINEER

FRONT - END DEVELOPER

BACK - END DEVELOPER

СИТЕ АКТИВНИ ОГЛАСИ ВИДЕТЕ ГИ ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »