Промовирани огласи »

Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова раководство на МВР пристапи кон хармонизирање на законска регулатива со европското законодавство, со тоа што беа предложени законски измени коишто Собранието на РСМ ги усвои во март годинава, а стапуваат на сила 1 јануари 2023 година.

Отвораме можност Уверението за државјанство да се издаде и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население.

Согласно измените и дополнувањата на Закон за лична карта, Закон за патни исправи, Закон за лично име, Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, граѓаните може да поднесат барање и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги.
Во постапки определени со закон, како што е прибавување на доказ за објава во Службен Весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност.

МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ.
Со цел усогласување со дигитализацијата на процесите поврзани со постапките утврдени со закон, формирани се работни групи во Министерството кои работат на ревидирање на законите и подзаконските акти во надлежност на МВР.

Промовирани огласи »

Оваа година за жал нема да се одржи Охридски пливачки маратон. Оваа информација беше пренесена денеска, од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Маратонот, кој инаку е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што истакнаа од таму, финансиското работење на претходното искуство.

Инаку, Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.

Промовирани огласи »

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина.

Во моментов вработуваат:

ЕЛЕКТРО МОНТЕР ВО КОЧАНИ

ЕЛЕКТРО МОНТЕР ВО БИТОЛА

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БАЛАНСНА ГРУПА

ОГЛАС ЗА ВЛЕЗ ВО БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ (М/Ж) ЗА ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Сите други активни огласи од ЕВН може да ги видите ОВДЕ!

Промовирани огласи »

Тим билдингот е специјално креиран за да одговара на потребите на вработените во бизнис секторот. Вклучува различни рекреативни и забавни активности во природа.

Бенефитите од истиот се:

  1. Подобрување на комуникацијата;
  2. Подобро меѓусебно спознавање и разбирање;
  3. Зголемување на мотивацијата;
  4. Подобро разбирање на визијата и целите на компанијата;
  5. Истакнување на важноста на секој индивидуален придонес кон целиот колектив;
  6. Споделување искуства;
  7. Учење на добрите страни и слабостите;
  8. Зголемување на продуктивноста и ефикасноста;
  9. Зголемување на лојалноста на вработените.

Тим билдинг е една од најшироко користените активности за развој на групите во организациите. Вработените се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности како што е тим билдингот. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »