Промовирани огласи »

Оваа година за жал нема да се одржи Охридски пливачки маратон. Оваа информација беше пренесена денеска, од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Маратонот, кој инаку е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што истакнаа од таму, финансиското работење на претходното искуство.

Инаку, Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.

Промовирани огласи »

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина.

Во моментов вработуваат:

ЕЛЕКТРО МОНТЕР ВО КОЧАНИ

ЕЛЕКТРО МОНТЕР ВО БИТОЛА

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БАЛАНСНА ГРУПА

ОГЛАС ЗА ВЛЕЗ ВО БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ (М/Ж) ЗА ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Сите други активни огласи од ЕВН може да ги видите ОВДЕ!

Промовирани огласи »

Тим билдингот е специјално креиран за да одговара на потребите на вработените во бизнис секторот. Вклучува различни рекреативни и забавни активности во природа.

Бенефитите од истиот се:

  1. Подобрување на комуникацијата;
  2. Подобро меѓусебно спознавање и разбирање;
  3. Зголемување на мотивацијата;
  4. Подобро разбирање на визијата и целите на компанијата;
  5. Истакнување на важноста на секој индивидуален придонес кон целиот колектив;
  6. Споделување искуства;
  7. Учење на добрите страни и слабостите;
  8. Зголемување на продуктивноста и ефикасноста;
  9. Зголемување на лојалноста на вработените.

Тим билдинг е една од најшироко користените активности за развој на групите во организациите. Вработените се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности како што е тим билдингот. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби.

Промовирани огласи »

Мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат во сила од 1. следниот месец. Одлуката ја донесе Владата вчера на седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. На наредната владина седница треба да биде донесена и одлука за прогласување кризна состојба во енергетиката. Засега нема најава за рестрикции на струја, а од Владата најавуваат зголемување на производството.

Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече вчера на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и  греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции.

На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,…

За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,…

Ако не се постигне целта за 15 проценти заштеда на струја, Бектеши најави дека ќе следуваат санкции за раководителите на институциите согласно со етичкиот кодекс.

На 15.ти секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштедата. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија.

Најавената кризна состојба за електрична и за топлинска енергија ќе важи во текот на наредниот месец. Регулативата предвидува кризата состојба да трае 30 дена, поради што во меѓувреме, до Собранието ќе се испрати барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона и тоа да ја донесе одлуката.

Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, со планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе се направи обид да не се прават класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку тие да се вршат во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација. Сите вработени, информира Ковачевски, се во функција, а ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен.

АД ЕСМ, соопшти директорот, работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона.

Според Ковачевски, моментно има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што, како што рече, целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени.

Во првите седум месеци од годинава ЕСМ произвело 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени  1.914 гигават часови. Целиот план за производство на електрична енергија за годинава е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани. Планот се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.ТЕЦ Неготино работи со еден котел согласно со потребите на ЕСМ, а  се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба.

Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, информираше Ковачевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »