За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место
Стручен соработник за човечки ресурси и организациски работи
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Работа во интернационална средина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани обуки за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална средина.
Работа во стабилна, реномирана компанија, која што се грижи за квалитетот на животот на своите вработени.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Учество во организација и спроведување на процесот за регрутација на кадри;
Учество во спроведување на кадровската администрација и водење евиденции на вработени;
Учество во организација на обуки за вработените и води евиденции за спроведените едукации;
Подготовка на акти, договори и други документи од делокругот на работа на Службата;
Подготовка на извештаи за вработените и други извештаи од системот за управување со човечки ресурси;
Учество во подготовка на планови и извештаи согласно барањата на матичното друштво;
Учество во стратешки и други проекти од подрачјето на управување со човечките ресурси.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Високо образование (предност правен факултет или соодветни општествени науки);
Напредно познавање на Microsoft Office;
Владеење на англискиот јазик;
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Високо ниво на писменост;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Ќе се смета за предност искуство во соодветната област.
Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 26.01.2025:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000005kQpR